Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во оваа земја оставањето бакшиш се смета за навреда
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Во оваа земја оставањето бакшиш се смета за навреда
ЗАБАВА

Во оваа земја оставањето бакшиш се смета за навреда

Објавено August 2, 2025 17:55
Сподели
Сподели

Да се остави бакшиш (или не) на келнерите во кафулињата и рестораните ширум светот е прашањето што ги мачи многумина туристи, бидејќи правилата варираат во зависност од тоа во кој дел од светот се наоѓате.

Во Обединетото Кралство, Германија, Данска и Шведска, локалното население обично додава плус 10% од сметката, додека Французите, Италијанците и Шпанците обично даваат 5%. И додека Американците ќе остават бакшиш дури и доколку услугата е лоша, во Јапонија тоа никогаш не би се случило. Во Земјата на изгрејсонцето, општествената свест е на сосема друго ниво: луѓето не јадат додека одат по улица, мобилните телефони се ставаат на нечујно во јавниот превоз за да не се вознемируваат другите, а тешко дека ќе видите Јапонец како си го чисти носот во јавност.

Во Јапонија, давањето бакшиш не е само невообичаено, туку и непријатно, па дури и безобразно. Културата на пружање услуга без бакшиш за нас е можеби незамислива, но таму, оставањето пари практично претставува навреда.

И покрај предупредувањата да не се остава бакшиш во Јапонија, некои туристи инсистираат да ја покажат својата благодарност со пари – но тоа не функционира така“, истакна Џејмс Манди од „InsideJapan Tours“ за Би-би-си. Тој додаде дека не е невообичаено да се види келнер како трча по улицата по гостин за да ги врати парите што ги оставил како бакшиш.

Туристите едноставно не сфаќаат дека Јапонците се гордеат со својата работа, а „oishikatta“ (беше вкусно) или „gochiso sama“ (ви благодарам што го подготвивте оброкот) е доволно силна валута, уште посилна доколку направите учтив наклон.

Единствениот исклучок од ова правило се јапонските риокани, традиционални гостилници, каде што патниците можат да остават пари за накаи сана (келнерот во кимоно кој ја подготвува храната и креветот), но само ако добро ја извршил работата. Бакшишот не се дава лично, туку се остава во плик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жена предизвикала експлозија при промена на плинска боца во Кичево
Следна Статија Црна сабота: Колона долга 1000 километри во пресрет на годишните одмори во Франција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Девојка му раскинала на своето момче по совет на „Чат ГПТ“: „Ми рече дека заслужувам подобро“

Во последно време, се чини дека сè повеќе луѓе бараат совет од „Чат ГПТ“ (ChatGPT) за секој аспект од нивниот…

June 17, 2025
ЗАБАВА

Бугарка е новата девојка на Бастијан Швајнштајгер? (ФОТО)

Бугарката Силва Капитанова наводно е новата девојка на Бастијан Швајнштајгер, според светските медиуми. Пред неколку дена, германскиот „Билд“ го шокираше…

June 10, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Шакира го запали Рио: Два милиони луѓе на Копакабана

Колумбиската поп-ѕвезда Шакира синоќа воодушеви милиони луѓе со бесплатен концерт во Рио де Жанеиро на легендарната бразилска плажа Копакабана. –…

May 3, 2026
ЗАБАВА

(Видео) Публиката ја исвирка Тејлор Свифт на Супер Боул, нејзината реакција стана вирална

Тејлор Свифт се појави на Супер Боул во неделата за да му покаже поддршка на момчето Тревис Келси, играч на…

February 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?