Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во првите 40 дена од фукцијата, Трамп потпишал рекордни 79 претседателски укази
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Во првите 40 дена од фукцијата, Трамп потпишал рекордни 79 претседателски укази
СВЕТ

Во првите 40 дена од фукцијата, Трамп потпишал рекордни 79 претседателски укази

Објавено March 3, 2025 09:09
Сподели
Сподели

Според Федералниот регистар, ниту еден американски претседател не потпишал толку многу извршни наредби со толку брзо темпо уште од 1937 година. За време на претходниот мандат, во истиот период Трамп потпишал само 15 извршни наредби.

Од неговото враќање во Белата куќа на 20 јануари, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша 79 претседателски укази, кои се однесуваат на широк спектар на прашања од надворешната политика до правата на трансродовите лица.

Толкав број на укази потпишал неговиот претходник, Џо Бајден за време на четиригодишниот мандат.

Според Федералниот регистар, ниту еден американски претседател не потпишал толку многу извршни наредби со толку брзо темпо уште од 1937 година. За време на претходниот мандат, во истиот период Трамп потпишал само 15 извршни наредби.

Најмногу или 27 од указите се однесуваат на царини, поддршка за фосилните горива, како и на создавање на суверен фонд, но и прогласување на енергетска вонредна состојба, со цел да се стимулира американското производство на јаглеводороди.

Четиринаесет извршни наредби се однесуваат на прашања поврзани со различноста и родот, вклучително и оној, што го признава постоењето на само два пола во САД, машки и женски.

Шеснаесет декрети се посветени на програмите за имиграција и прием на бегалци, како и за укинување на правото на државјанство по раѓање.

Еден од декретите се однесува и на воспоставување на англискиот јазик како официјален јазик, што значи дека федералните аганции повеќе не се обврзани да даваат услуги на други јазици, освен на англискиот.

Шест декрети се однесуваат на Федералната агенција на администрацијата на чело со Илон Макс.

Десет декрети се за создавање на Национален совет за енергетска доминација, насочен на производство на енеергија за потребите на вешташката интелигенција.

За здравствената заштита и за повлекување на САД од Светската здравствена организација (СЗО) се однесуваат 13 укази.

Еден од наредбите се однесува и за враќање на работа на воениот персонал што не бил вакциниран против ковид-19.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Брнабиќ: Нема да има контрамитинг во Белград на 15 март
Следна Статија Милијардер советува: „Доколку сакате да се збогатите, секојдневно правете едно нешто“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Украинците нападнаа база на 200 километри од Москва

Украински дронови го нападнале градот Рјазан на 500 километри од границата на фронтот во Курск. Градот се наоѓа на 200…

December 4, 2024
СВЕТ

Новата година пречекана на плоштадите во Њујорк и светските метрополи

Илјадници луѓе ја дочекаа Новата година на плоштадите во Њујорк и европските метрополи. Во Њујорк, точно на полноќ традиционално беше…

January 1, 2025
СВЕТ

Зеленски: Им веруваме на САД, веруваме дека Трамп сака да ја заврши војната

Им веруваме на САД, веруваме дека претседателот Доналд Трамп сака да ја заврши војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на…

October 18, 2025
СВЕТ

Морнарички секретар на Трамп наведен во дневниците на Епштајн

Документите покажуваат дека морнарискиот секретар Џон Фелан бил патник на Боинг 727 на Џефри Епштајн за два преку-атлантски лета во…

February 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?