Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Прилеп пред 2000 години имало римска бања која функционирала како модерен спа-центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Во Прилеп пред 2000 години имало римска бања која функционирала како модерен спа-центар
ЗАБАВА

Во Прилеп пред 2000 години имало римска бања која функционирала како модерен спа-центар

Објавено July 5, 2025 15:27
Сподели
Сподели

Римска бања од пред две илјади години откриваат прилепските археолози на локалитетот Долиште кај Прилеп. Бањата со сите погодности на модерен спа-центар е дел од сѐ уште непознатиот град меѓу прилепските села Волково и Прилепец, но ги открива социокултурните одлики на нашите предци.

-На овој објект работиме вторпат. Тоа е бања од римскиот период, датира  од преминот на старата во  новата ера, или од 1 век пред или 1 век од нашата ера. Не е дека претходно жителите не одржувале лична хигиена, но како архитектура припаѓа на римските бањи и е од периодот кога Римската империја завладеала на овие простори. Оваа бања е јавна и е комплесен објект. Покрај оваа, имало просторија со топла вода, па базен со ладна вода, па просторија каде граѓаните ја користеле како гардероба. Така што, ние сме на самиот почеток на истражувањата на оваа комплексна градба. Станува збор за т.н. висечки под. На него биле керамичките плочи и малтерната подлога кои се држеле врз столпчиња, а под тој висечки под струел топол воздух кој доаѓал од друга просторија каде што се ложеле дрва за загревање. Тука нашите предци буквално се потеле, функционирало како сауна и, воопшто, како еден денешен спа- центар, објаснува Душко Темелкоски, археолог во Завод и музеј Прилеп, кој ги раководи истражувањата.

Археолозите допрва ќе ги откриваат тајните на комплексот, зашто истражена е само една третина. Најголем предизвик е да се открие името на таинствениот град кој бил доста значаен за населението од Пелагонија.

-Во врска со овој град, имаме некои индиции дека е поголем град, позначајна урбана населба од античко време. Во селската црква во Прилепец има неколку епиграфски споменици и на еден натпис е забележано дека овој град имал тесна соработка со античка Стибера. Но, за жал, не се споменува името на „овој град“, објаснува Темелкоски.

Досега трипати се истражувало на локалитетот Долиште. Прво беа откриени гробници и големи глинени садови за храна.

-Локалитетот е познат како Долиште, се наоѓа меѓу двете прилепски села Прилепец и Волково. Досега Прилепскиот музеј има истражувано во три наврати. Во првата кампања, заедно со Катедрата за археологија од Филозофскиот факултет во Скопје, истражувавме на неколку пунктови каде што се вршеле погребувања. Музејот, исто така, истражуваше на друга локација во овој комплекс каде пронајдовме две градби – во едната најдовме големи питоси, керамички ќупови каде се складирала храна. Ова е веќе трет пункт и работиме на бањата. Зборуваме за многу поголем простор каде што лежел тој антички град чие име сѐ уште не му го знаеме, вели архелогот Темелкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лука Бојовиќ не ги препозна лицата што му спремале ликвидација
Следна Статија (ВИДЕО) Трогателни сцени на погребот на Диого Жота и Андре Силва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ФОТО) Од сумата ќе ви се сврти: Ова се петте најбогати миленичиња на светот, а мачката на Тејлор Свифт е на прво место

Мачката на Тејлор Свифт е прогласена за најбогато милениче на светот во новата листа на богати 30 под 30 години.…

October 30, 2024
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Пејач на концерт падна низ бина

Мегапопуларен пејач на концерт падна низ бина, публиката вресна. Фронтменот на „Coldplay“, Крис Мартин, настапуваше на четвртиот и последен концерт…

November 5, 2024

Tales of Arise – Перформанси и резолуција на Nintendo Switch 2 откриени

Очекувања за игровите можности

February 9, 2026
ЗАБАВА

Видео: Камала Харис пие пиво во ТВ емисија

Ако Камала Харис победи на изборите во САД, едно е сигурно: таа ќе биде првата претседателка во Белата куќа во…

October 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?