Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во притвор почина еден од осомничените полициски службеници за пожарот во „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во притвор почина еден од осомничените полициски службеници за пожарот во „Пулс“
ХРОНИКА

Во притвор почина еден од осомничените полициски службеници за пожарот во „Пулс“

Објавено October 14, 2025 09:26
Сподели
Сподели

Во притвор почина Владо Петров, еден од осомничените полициски службеници во случајот за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени, соопштија на Фејсбук од Независниот синдикат на полицијата.

Владо Петров, како пензиониран полициски службеник беше осомничен дека додека бил Главен инспектор за сообраќајни работи потпишал документ за паркинг просторот пред т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани.

„Трагедијата во Кочани ја зема својата 63 жртва, за која најверојатно никој нема да зборува и да сноси одговорност. Владо не го издржа притисокот и не успа да види ништо од пензијата. Правда за полицијата е повеќе од потребна, а веќе многу доцни“, пишува на фејсбук-профилот на Независниот синдикат на полицијата.

Информацијата за смртта на пензионираниот полицаец ја сподели и Македонскиот полициски синдикат, од каде велат дека нивниот пензиониран колега, Петров не ја дочекал правдата.

„Системот наместо да ги заштити оние што чесно му служеле, често знае да ги скрши под товарот на неправдата. Владо Петров останува симбол на еден човек што го даде својот придонес за безбедноста, но не ја дочека вистината правната разрешница“, велат од Македонскиот полициски синдикат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дуковски за Коцевски: Ова е најлошиот, најнепрофесионалниот обвинител во историјата на оваа тажна земја
Следна Статија [Видео] Несреќен случај во трговскиот центар „Веро Џамбо“ – ескалатор пропадна во присуство на посетители

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

МВР со апел до граѓаните по зголемениот број на фишинг-напади

Во врска со зголемениот број на измами што годинава беа забележани, а кои опфаќаат фишинг-напади и случаи на лажно претставување…

October 31, 2024
ХРОНИКА

Се степале сосетки од Петровец

На 03.03.2025 во 17.30 часот СВР Скопје, Л.Т.(74) од Скопје пријавила дека во двор од семејна куќа во с.Петровец, скопско,…

March 4, 2025
ХРОНИКА

Само куќен притвор за осомничените во случајот со РЕК Битола, Обвинителството ќе се жали на одлуката на судот

Нема мерка притвор за двајцата осомничени во предметот за злоупотреби со јавни набавки во РЕК Битола. Основниот суд во Битола…

October 10, 2025
ХРОНИКА

Прилепчанец се возел во Неготино со над три промили алкохол во крвта

Прилепчанец со над три промили алкохол во крвта возел во Неготино, по што бил задржан во полициска станица, соопшти СВР…

April 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?