Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Скопје денеска беше одбележан јубилејот – 80 години ЈП Службен весник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Скопје денеска беше одбележан јубилејот – 80 години ЈП Службен весник
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје денеска беше одбележан јубилејот – 80 години ЈП Службен весник

Објавено February 18, 2025 20:52
Сподели
Сподели

Во овие осум децении од нивната печатница излегоа 8.000 изданија, а на годишно ниво се издаваат по 300 броја во печатена и електронска форма.

Во своето обраќање Заменикот претседател на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски истакна дека 80-годишниот јубилеј на Службен весник на Република Македонија, сведочи за историјата на нашата држава, за сите важни историски акти и документи објавени во ова службено гласило, кое чекори заедно со историјата и иднината на нашата држава. Во македонското службено гласило, од неговиот прв број, па сè до денес, објавени се бројни закони и подзаконски акти, кои го сочинуваат правниот систем на државата, при што ги опфаќа сите значајни настани кои ја одбележаа нашата историја.

„Првиот број ги содржи основните акти на АСНОМ од 2 август 1944 година, со кои е формирана македонската држава со сите елементи и атрибути на државноста, како телата на законодавна и извршна власт, јазикот, системот на образование, системот на здравство, никулецот на судството, платежно средство, територијална поделба на државата, бројни правилници, оперативни решенија.”,истакна министерот за правда, Игор Филков.

Службениот весник не е само хроничар на државноста, туку и последниот филтер за сите прописи кои се објавуваат во државата, своевиден гарант за нашата правна сигурност или според мотото со кое вчера беше прославен нивниот 80-годишен јубилеј -„Правник кој знае се“ рече директорот Владимир Кроневски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стјуардеса од Белград e тешко повредена во авионската несреќа во Торонто
Следна Статија Потресно сведоштво за секојдневната голгота на струмичанката Вања Андонова на Онкологија: „Се лечиме во странство, а вие уште крадете – Засрамете се сите без разлика на партија“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Се работи на целосно автопатско поврзување на Битола-Скопје

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати министерот за транспорт Александар Николоски. Николоски истакна дека…

August 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Продолжуваме да се бориме за нашиот идентитет, да го повратиме распродаденото од националните предавства на претходната Влада

Премиерот Христијан Мицкоски, по обвинувањата од опозицијата дека власта се откажала од идентитетот и јазикот, порача дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски

Владата на денешната седница го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, информираат од Владата за МИА. По…

February 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес од 4,5 степени во Албанија, почувствуван и во делови од Македонија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија, а беше почувствуван и во југозападните делови Македонија. Според…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?