Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Скопје одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Скопје одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи

Објавено March 11, 2026 14:26
Сподели
Сподели

Сеќавањето е наша морална должност, а борбата против омразата наша историска одговорност. Затоа, не смееме да се свртиме од минатото и не смееме да се плашиме од најтемните поглавја од историјата, туку да ги признаеме ужасните извесности, како и празнините, неизвесностите и прашањата што остануваат без јасни одговори до ден денес. Не смее да се дозволи заборавот да ги проголта македонските Евреи. Може да има многу политички мотивирани приказни, но постои само една историска вистина, беа пораките упатени денеска од поранешниот Монопол во Скопје, каде што беа одбележани 83 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка.

Претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви во своето обраќање кажа дека и по 83 години чувството не е поразлично и оти горчината и болката никогаш нема да поминат.

-Пред точно 83 години овде времето запре. Овде исчезна една заедница. 7144 евреи исчезнаа во логорот Треблинка. Исчезнаа Калдерон, Леви, Нахмијас, Камхи, Русо, Садикарио, Мизрахи, Фараџи, Алба, Шами, исчезнаа илјадници наши блиски, наши роднини. Патот кон Треблинка започна овде, во Монопол. Од сточните вагони на БДЖ, натоварени како товар, не како луѓе, без достоинство, без милост, без трошка човечност. Ладнокрвноста со која се организирани овие транспорти останува еден од најстрашните докази за тоа колку брзо државниот апарат на нацистичка Германија, преку своите сателити, бугарските окупатори, може да се претвори во совршена машина на смрт, рече Леви.

Тој потсети дека 98 проценти од еврејската популација во Македонија беше избришана, и оти тоа е еден од највисоките проценти на уништување во цела окупирана Европа.

-По Втората светска војна, во 50те, 60те, 70те години, ниту еден здрав ум не можеше да замисли дека ќе дојде време кога некој ќе се обиде да ја искриви историјата на холокаустот. А сепак денес, речиси осум децении по крајот на војната, ние сме сведоци на постојани обиди за глорификација на нацистите и нивните соработници. Се создаваат паралелни наративи, се брише одговорноста, истакна Леви.

Тој нагласи дека не смее да се дозволи заборавот да ги проголта македонските Евреи, да ги заборават возовите, да не се споменуваат списоците.

-Може да има многу политички мотивирани приказни, но постои само една историска вистина. Во меморијалниот простор на музејот Треблинка, каде што пепелта на илјадници луѓе измешана со земја и каде се поставени камени обележја со имиња на земјите од каде што биле донесени жртвите, меѓу нив и каменот со натпис Македонија, денес се оспорува тој камен. Се бара негово преименување или отстранување поради политичките спорови и внесување на дневна политика во масовна гробница. Од тука сакам јасно да подвлечам, тој камен не е геополитичка формула, не е дипломатски став, тоа е историја на македонските Евреи. Тоа е историја на Македонија. И затоа, токму денес, во овој момент, во Треблинка, делегација на еврејската заедница и фондот на холокауст предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, полага цвеќе пред тој камен. Не како чин на политика, туку како чин на почит кон 7144 животи што таму немаат гроб освен тој камен, истакна Леви.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Академик Живко Попов: Борбата за македонскиот јазик не е завршена!
Следна Статија (ВИДЕО) Владата организира меѓународна конференција за пожарот во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Адвокатот Тони Менкиновски десет години не смее да влезе во Бугарија, претставувал закана за национална безбедност на таа држава

Бугарија му забранила влез во земјата на адвокатот Тони Менкиноски, до 2036 година, кој вели дека во официјалниот документ што…

March 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Митева: Кочани беше тешка лекција и аларм за државата која предолго беше во длабок сон

На телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ вечерва гостуваше Марија Митева член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата…

March 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Лефков: Филипче работел на изградба на мигрантски камп во Бардовци, тој е единствен актуелен политичар кој сакал да ги донесе

Филипче работел на изградба на прифатен центар за мигранти во Македонија, тој е единствен актуелен политичар кој сакал да донесе…

December 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тимот на македонски научник доби 6,4 милиони евра европски пари за развој на иновативна медицинска метода

Македонскиот доктор Иво Бошкоски од Универзитетската Клиника Џемели во Рим и неговиот тим се добитници на грант од Eвропскиот истражувачки…

November 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?