Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Скопје отворен Европскиот младински олимписки фестивал, учествуваат 4.000 спортисти од 50 држави
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Во Скопје отворен Европскиот младински олимписки фестивал, учествуваат 4.000 спортисти од 50 држави
СПОРТ

Во Скопје отворен Европскиот младински олимписки фестивал, учествуваат 4.000 спортисти од 50 држави

Објавено July 21, 2025 10:38
Сподели
Сподели

Со дефиле на 50 делегации и со спектакуларна церемонија во Спортскиот центар „Јане Сандански“, синоќа беше отворен Европскиот младински олимписки фестивал Скопје 2025 (ЕМОФ). Фестивалот официјално го отвори претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а поздравен говор одржа и претседателот на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос.

Свеченото отворање го означи почетокот на седумдневен спортски и културен настан, што ќе ги обедини младите спортисти од целиот континент во духот на фер-плеј, пријателство и на солидарност. Натпревари ќе се одржат во 15 спортови: атлетика, пливање, кошарка, баскет 3×3, ракомет, одбојка, џудо, спортска гимнастика, друмски велосипедизам, маунтајн бајк, кајак слалом, бадминтон, стрелаштво, пинг-понг и таеквондо.

Натпреварувањата се организирани на современи спортски објекти во Скопје и во Куманово, додека спортската гимнастика ќе се одржува во Осиек, Хрватска, во координација со Европскиот и со Хрватскиот олимписки комитет.

Се очекува учество на над 4.000 спортисти, тренери, официјални лица и тимски претставници, како и стотици волонтери, новинари и гости. Македонија годинава ќе има рекорден број натпреварувачи во сите дисциплини.

Претседателката Сиљановска Давкова на својата објава на Фејсбук напиша:

„Голема е честа да се биде земја домаќин на Летниот европски младински олимписки фестивал на којшто се собраа околу 4.000 спортисти коишто ја манифестираат убавата страна на сегашноста и ја гарантираат светлата иднина на европскиот и на светскиот спорт.

Летниот европски младински олимписки фестивал е врвен спортски чин, симбол на младост и на витештво во натпреварувањето, генератор на заедништво и на солидарност, креатор на европски културен и спортски дијалог“.

Неспорно е дека спортот има огромна моќ да обединува, додава таа, да ги брише расните, етничките, верските и социјалните разлики, да овозможува рамноправна битка, од која, без оглед на конечниот резултат, сите учесници се морални победници.

„Ги охрабрувам во спортските битки да го вложат најдоброто од себе и им посакувам успех на натпреварите!“, порачува претседателката во својата објава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Македонскиот јазик не се става на гласање!“ – предупредува проф. Ќулафкова
Следна Статија Рекорднa запленa од 206 кг кокаин на границата меѓу Бугарија и Турција, приведен дипломат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Сити го прегази Јувентус

Фудбалерите на Манчестер сити го декласираа Јувентус во Орландо (5:2) и ја освоија првата позиција во Групата Г на Светското…

June 27, 2025
СПОРТ

Jамал сам го разби Виљареал

Лидерот во шпанската Ла Лига Барселона во дербито на 26.коло го совлада Виљареал пред своите навивачи со 4:1. Најдобар поединец…

February 28, 2026
СПОРТ

Челзи со фантастично второ полувреме ја освои Лигата на Конференции

Најголемиот фаворит пред почетокот на натпреварите во Конференциската лига, Челси, го освои трофејот во ова натпреварување. Челси на „Турчински арена“…

May 29, 2025
СПОРТ

Меси: Се чувствувам како жител на Барселона и сакам да се вратам таму

Легендата на Барселона, Лионел Меси призна дека му недостасува градот и регионот Каталонија. Аргентинецот ги напушти во 2021 година за…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?