Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка
МАКЕДОНИЈА

Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

Објавено April 26, 2025 18:19
Сподели
Сподели

Во Струмица денеска се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, која на Градскиот плоштад во Струмица беше донесена од храмот „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.

Пред поголем број верници и граѓани се одржа молебен, а поздравно слово одржа Епископот Стобиски Јаков.

Излишни се сите зборови во оваа светла седмица, којашто ние ја сметаме како еден ден кој не завршува и тоа не е било каков ден, туку осмиот невечерен ден, ден којшто нема да дочека ден, кој секогаш ќе биде осветлуван од светлината на Христовото воскресение. Со Христос воскресе ние кажуваме се што имаме да кажеме. Тој восклик е експресија на сите наши очекувања, на сите наши надежи, смисла на нашето постоење, на нашиот живот, оти ако Христос не воскреснеше залудна ќе беше нашата вера и ние ќе бевме едни од најбедните луѓе на овој свет, рече Епископот Стобиски Јаков.

На Литијата и претходеше богослужба во манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“. По завршувањето на молебенот Иконата беше однесена во црквата „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, каде е оставена за поклонение на верниците.

Пред осум години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски: Средбата со Трамп во Ватикан би можела да биде историска
Следна Статија Oткако и одзедоа бодови Воска се повлече од Првата лига

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(Видео) Вака учениците утрово тргнаа на училиште во „Лазо Ангеловски“, во вакви услови на токсичен воздух

Во Фејсбук групата „Ново Лисиче“ утрово беше споделено видео од состојбата со аерозагадувањето во Скопје, видлива со голо око. -…

September 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе ги достави петте кандидати за јавен обвинител до Советот на јавните обвинители

Владата на денешната седница донесе заклучок во однос на петте кандидати за јавен обвинител и во согласност со законските одредби…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за одлуката на судот во Стразбур: Мораме да се срамиме поради малкумината судии кои го контаминираат нашето судство

Европскиот суд за човекови права во Стразбур отвори постапка по жалбата на поранешната министерка Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“, за…

November 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31.12.2024

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на…

December 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?