Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во судството и 10.000 евра плата да им дадете, пак ќе крадат вели Туфегџиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во судството и 10.000 евра плата да им дадете, пак ќе крадат вели Туфегџиќ
МАКЕДОНИЈА

Во судството и 10.000 евра плата да им дадете, пак ќе крадат вели Туфегџиќ

Објавено January 24, 2026 14:24
Сподели
Сподели

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ во емисијата „Трилинг“ остро говореше за состојбите во македонското судство, оценувајќи дека клучниот проблем не е ниската плата во правосудството, туку постоењето на мала, но влијателна група лица со изразен криминален менталитет.

Туфегџиќ ја поздрави работата на Јавното обвинителство во борбата против корупцијата и повика на поширока одговорност кај сите кои работат во правосудниот систем и судии, јавни обвинители и адвокати. Според него, без институционална и јавна поддршка за обвинителството, не може да има суштински напредок.

Осврнувајќи се на актуелните случаи, меѓу кои и предметот со судијата Ѓоко Ристов, кај кого беа пронајдени 350.000 евра заѕидани во ѕид, Туфегџиќ нагласи дека ја почитува пресумпцијата на невиност и не навлегува во конкретни правни оценки.

„Мора јасно да ја идентификуваме малата група луѓе кои се таргет на борбата против корупцијата. Тоа се лица со криминоген менталитет кои и со 10.000 евра плата би продолжиле со истото“, истакна Туфегџиќ.

Тој предупреди дека оваа група активно регрутира истомисленици меѓу судии, обвинители, адвокати, па дури и во полицијата, создавајќи мрежа за меѓусебна заштита.

Според него, токму ваквите појави се главната причина за недовербата на граѓаните во судството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп тужи JPMorgan и Џејми Дајмон поради прекин на банкарски пристап
Следна Статија Извештај за натпреварот помеѓу Houston Rockets и Philadelphia 76ers

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Запрен увоз на 22 тони киви од Србија, имале ларви и инсекти

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,…

December 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Воскреснатиот Исус прво им се јавил на Марија Магдалена и жените кои дошле на празниот гроб, а не на Петар и апостолите

Така, во Матеј (28, 8-10) се вели дека “Марија Магдалена и другата Марија излегоа брзо од гробот, тие со страв…

April 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ставен под контрола пожарот во парк шумата Гази Баба

Тежок пожар попладнево изби во парк шумата Гази Баба над Природно-математичкиот факултет. -На лице место веднаш се упратиј пожарникарите од…

July 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Колони на Табановце, се чека по 40 минути за излез од државата

Интензитетот на сообраќајот на патните правци низ државата, надвор од градските средини, денеска е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?