Во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот меѓу Прилеп и Крушево, животот го загуби 32-годишник од Крушево, потврдија од полицијата.
Несреќата се случи синоќа во селото Врбјани, кога дојде до директен судир помеѓу две патнички возила.
Полицијата соопшти дека повредена е и сопатничката од „опел вектра“ во која се наоѓал сега починатиот возач, а повреден е и возачот на „ленд ровер“.
На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа, а причините за трагичниот судир се предмет на понатамошна истрага.
