Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во УКЦС во Белград се 17 пациенти од пожарот во Кочани, двајца се на механичка вентилација и двајца оперирани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во УКЦС во Белград се 17 пациенти од пожарот во Кочани, двајца се на механичка вентилација и двајца оперирани
БАЛКАН

Во УКЦС во Белград се 17 пациенти од пожарот во Кочани, двајца се на механичка вентилација и двајца оперирани

Објавено March 23, 2025 10:22
Сподели
Сподели

Седумнаесет лица повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од кои две се на механичка вентилација, а двајца се оперирани, изјави др Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС, јави дописникот на МИА од Белград.
Стојичиќ нагласи дека пациентите се во добра состојба и постоперативно е без проблеми.

„Нивниот постоперативен тек се одвива без проблеми. Наредната недела веројатно ќе бидат оперирани уште пет-шест пациенти. Имам и добри вести, неколку пациенти веројатно ќе можат да бидат префрлени на одделение бидејќи успешно се опоравува нивната респираторна функција, а раните од изгорениците се такви што не бараат престој на одделението за Интензивна нега“, изјави тој за РТС.

Тој наведе дека кај пациенти кои веќе се оперирани, процедурата опфаќа отстранување на девитализирано ткиво и покривање со автотрансплантација, што значи дека нивна сопствена кожа се зема од други региони и се пресадува на изгорените места.

На еден пациент ќе му биде извршена нова операција за околу пет денови (на другата рака).

Според него, за оние на кои им претстои операција, нема да бидат потребни донатори на кожа.

Што се однесува до опоравувањето на оние кои биле оперирани, Стојичиќ истакна дека конечниот резултат обично се забележува за 14 дена, а потоа следи фаза на опоравување со помош на физикална медицина. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пјастри победи во Кина пред Норис и Расел
Следна Статија Сташа Цветковиќ е „инструкторката“ за правење дестабилизација и злоупотребување на трагедија од Кочани! Работи ли за тајна служба?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Докторот за Дачиќ: Борбата продолжува, тој е на механичка вентилација

Ивица Дачиќ, вицепремиерот на Србија и претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС), од вчера е хоспитализиран поради тешка пневмонија,…

February 26, 2026
БАЛКАН

Нови Сад: Маж ја убил својата сопруга, нивното 6-годишно дете пријавило во полиција

Маж ја убил својата невенчана сопруга синоќа околу 22 часот во Нови Сад, во нивниот семеен дом. Полицијата на местото…

April 23, 2025
БАЛКАН

Додик: Германската министерка Лерман денеска кришум дојде во Република Српска, прогласена е за персона нон грата

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска соопшти дека, како и секој несакан посетител, и германската министерка Ана Лерман кришум…

April 4, 2025
БАЛКАН

Имала нешто работа: Љубоморен Хрват и го запалил aвтомобилот на девојката затоа што цел ден не му се јавувала на мобилен

Маж (30) е осуден затоа што и го запалил автомобилот на девојката откако таа одбила да му одговори на мобилниот…

January 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?