Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили, вклучувајќи и државни службеници и воени лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили, вклучувајќи и државни службеници и воени лица
СВЕТ

Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили, вклучувајќи и државни службеници и воени лица

Објавено May 23, 2025 17:16
Сподели
Сподели

Во голема операција на француската полиција е разбиена педофилска мрежа. Од понеделникот до денеска уапсени се 55 мажи.

Уапсените на возраст од 25 до 75 години, меѓу кои и еден свештеник, дедо, болничар, „добри татковци“, професор по музика и мажи самци разменувале пораки на Телеграм и биле во Контакт со „исклучително опасни“ педофили кои се во затвор од минатото лето, изјави раководителот на операциите во Канцеларијата за малолетници (ОФМИН), Квентин Беван.

Истрагата за разбивање на педофилската мрежа траела 10 месеци, откако минатото лето биле уапсени педофили кои злоупотребувале деца и објавувале на Телеграм.

Инспектор Беван посочи дека за време на операцијата се пресретнати илјадници пораки, фотоградии и друга содржина од сексуална злоупотреба на деца.

„Сите 55 лица разменуваа CSAM слики (материјал за сексуална злоупотреба на деца) со опасен педофил, па затоа имавме дигитални докази што ги имплицираа сите. Тоа беше голема истрага. Моравме да ги следиме размените, да ги анализираме и да ги идентификуваме лицата зад овие псевдоними на Телеграм, особено оние кои имаа деца, криминални досиеја или работеа во чувствителни професии што вклучуваат контакт со деца“, изјави Беван за Си-Ен-Ен.

Апсења се спроведени во 42 департмани за поседување, дистрибуција и гледање порнографски содржини со деца под 10 години.

Тој додаде дека мажи од сите возрасти и потекла: татковци, државни службеници, воен персонал и болничари.

Во Франција, поседувањето и дистрибуцијата на материјал за сексуална злоупотреба на деца се казнува со пет години затвор и парична казна од 100.000 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија поради давање на лажни и нецелосни податоци
Следна Статија УХМР со предупредување: Утре невреме во Македонија!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Хамас ги предаде телата на двајца починати израелски заложници

Израелската армија денес објави дека Хамас му ги предал на Црвениот крст телата на двајца починати заложници кои претходно биле…

October 13, 2025
СВЕТ

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Романската Централна изборна комисија (ЦЕБ) ја отфрли кандидатурата на екстремно десничарскиот политичар Калин Георгеску за повторени претседателски избори, што предизвика…

March 10, 2025
СВЕТ

Најмалку четворица загинати во руските напади врз Киев, соопштија локалните власти

Најмалку четири лица загинаа во нападите на Русија со беспилотни летала и балистички ракети „Калибар“ врз Киев во текот на…

June 6, 2025
СВЕТ

Исчезнаа американски војници кај границата со Белорусија

Четворица американски војници се водат како исчезнати за време на воена вежба на НАТО во Литванија, а постои стравување дека…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?