Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер (43) во кариерата заработил повеќе од 120 милиони евра од турнири, а на крајот на 2019 година дел од парите ги вложил во компанијата Он Холдинг АГ.
Оваа компанија е производител на спортска облека и обувки со седиште во Цирих и денеска објави дека во 2024 година остварила приходи од 2,42 милијарди евра.
Исто така, беше објавено дека акциите пораснале за околу 41 отсто во изминатата година, надминувајќи ги клучните ривали како Nike Inc. и Адидас АГ.
Компанијата очекува темпото на раст да биде посилно во првата половина на 2025 година, главно поради чевлите за трчање Cloudsurfer 2 (150 евра) и обувките Cloud 6 кои се повеќе ориентирани кон животниот стил (140 евра).
Инаку, On Holding AG е основана во 2010 година и се промовира преку познати личности како актерката Зендаја или Федерер, кои се појавија во овогодинешната реклама прикажана за време на Супер Боул.
On Holding AG објави на крајот на 2019 година дека Федерер се приклучил на компанијата.
Да потсетиме, Швајцарецот заедно со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Рафаел Надал го сочинуваат триото кое е во вечна дебата за најголемиот досега.
Федерер во кариерата има освоено 103 турнири, од кои 20 се Грен слемови, со што се наоѓа на третото место на листата, зад Ѓоковиќ (24) и Надал (20).
La empresa de Federer se dispara en 2024: vende un 29% más y anota beneficio de tres dígitoshttps://t.co/jy6n6SgBeU
— Palco23 (@Palco23_es) March 5, 2025