Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вработените на Урологија се откажале од субвенции за мобилни телефони за да купат клими за болничките соби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Вработените на Урологија се откажале од субвенции за мобилни телефони за да купат клими за болничките соби
ЗДРАВЈЕ

Вработените на Урологија се откажале од субвенции за мобилни телефони за да купат клими за болничките соби

Објавено August 12, 2025 16:38
Сподели
Сподели

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и унапредување на здравствените услуги, условите за работа и достојни услови за пациентите. Целосно е реновирано болничкото одделение со вкупна инвестиција од 300.000 евра. Од оваа сума, 100.000 евра се обезбедени од фондовската сметка, 100.000 преку донации, а останатите 100.000 евра од сопствени средства на Клиниката.

Просториите се целосно трансформирани во современи болнички соби, уредени како апартмани. Секоја соба е опремена со нови болнички кревети, ЛЦД телевизори, нови тоалети, клима-уреди и бактериолошки прочистувачи на воздух. Климатизацијата на целиот простор создава значително похумани услови за пациентите, особено во текот на летните месеци кога температурите се високи, а болничкиот престој може да биде непријатен.

Но она што најмногу привлече внимание е хуманоста и сплотеноста на вработените. Од Клиниката го истакнуваат гестот на вработените кои се откажале од субвенциите за службени мобилни телефони, во вредност од 500.000 денари. Наместо тоа, Клиниката со овие средства купила две машини за перење алишта и 18 клима уреди за болничките соби. Овој чин, според раководството е суштинска посветеност за доброто на пациентите.

– За нас, овој проект не е само реновирање на болнички ѕидови – ова е реновирање на системот, на вредностите, на односот кон пациентите и професионалноста во здравството. Посветени сме да создадеме Клиника која нуди достоинствен престој, современо лекување и човечка грижа. Благодарен сум на целиот тим што застанавме зад овие промени, со заедничка посветеност. За помалку од една година, Клиниката за урологија стана пример, како со тимска работа и со вистински вредности, може да се создаде модерен и ефикасен здравствен систем, достапен тука, дома – изјави директорот д-р Башким Шабани, кој заедно со стручниот тим, направи целосна трансформација на институцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УЈП ќе ги контролира градежниците, ќе се „чешлаат“ договори со нереални цени
Следна Статија Дивоградба во заштитената охридска чаршија доби фасада и покрај забраната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Д-р Николов: На пациент повреден во пожарот во Кочани му е направена трансплантација на лице

На пациент повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се лекува во еден во центрите во странство му…

March 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пациенти на Онкологија останаа без биолошка терапија

Пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија останаа без биолошка терапија. Во моментов нема биолошка терапија, односно лековите „atezolizumab (tecentriq)“,…

January 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу најави промени на 12 закони, меѓу кои и дигитализација и надградба на „Мој термин“

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работна средба со претседателот на Здружението на лекари по семејна медицина (ЗЛОМ), д-р…

August 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Доктор Даниловски: Метапневмовирус воопшто не е нов вирус, се лекува како обична настинка

Епидемиологот Драган Даниловски тврди дека нема потреба од страв и паника меѓу населението во Македонија откако во соседството се појави…

January 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?