Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вработени во прилепската болница си земале пари од благајната, присвоиле над 2 милиони денари наплатени од пациенти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Вработени во прилепската болница си земале пари од благајната, присвоиле над 2 милиони денари наплатени од пациенти
ХРОНИКА

Вработени во прилепската болница си земале пари од благајната, присвоиле над 2 милиони денари наплатени од пациенти

Објавено May 29, 2025 13:31
Сподели
Сподели

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против И. М. во својство на службено лице при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело ПРОНЕВЕРА ВО СЛУЖБАТА од член 354 ст.2 в.в ст.1 в.в. член 45 од КЗ на РСМ и против С.Ч. во својство на службено лице при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело ПРОНЕВЕРА ВО СЛУЖБАТА од член 354 ст.1 в.в член 45 од КЗ на РСМ .

-Првопријавениот, во периодот од 01.08.2024 до 30.04.2025 година и второпријавениот, во периодот од 01.08.2024 до 30.04.2025 година, во својство на службени лица при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп со цел да прибават за себе противправна имотна корист, во повеќе наврати присвоиле парични средства од благајната, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги, за 2024 година износ од 1.508.452 денари, за 2025 година износ од 760.865 денари, односно, во вкупен износ од 2.269.317 денари, од кои првопријавениот противправно присвоил износ од 1.991.240 денари, а второпријавениот противправно присвоил износ од 278.077 денари, со што пријавените го оштетиле Буџетот на ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ за истиот износ и го сториле кривичното дело ПРОНЕВЕРА ВО СЛУЖБАТА од член 354 ст.3 в.в член 45 од КЗ на РСМ, информираат од Финансиската полиција.

По насоки на Основно јавно обвинителство Прилеп во текот на утринските часови од страна на службени лица на Управата за финансиска полиција едно од лицата е обезбедено и е изведено пред јавен обвинител за понатамошно постапување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДОКТОР КАТЕ ОСТАНУВА: Во кочанската болница повредените во „Пулс“ ќе продолжат да ја имаат потребната нега
Следна Статија (Видео) Пред 34 години, Панчев и Најдовски со Црвена звезда станаа европски шампиони

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Осум дена притвор за 43-годишниот родител кој нападна две деца од „Брегалница“ на фудбалскиот меч со „Шкупи“

Осум дена притвор доби 43-годишниот родител од Скопје, кој вчера на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу…

August 25, 2025
ХРОНИКА

Почина осуденик од затворот Идризово

На 03.03.2025 во 17.50 часот во СВР Скопје, од Комлекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во 15.30 часот кај…

March 4, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО)Разоткриена организирана криминална група, вршеле проституција и илегална трговија со дрога

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја координираше акцијата на Одделот за сузбивање…

October 17, 2024
ХРОНИКА

Црн чад над Скопје, гори депонијата кај Визбегово

- Голем пожар утринава има во Визбегово. Според првичните информации од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје гори отпад.  Командантот…

July 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?