Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вработен во Управа за водење матични книги не доаѓал на работа, други двајца го прикривале
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Вработен во Управа за водење матични книги не доаѓал на работа, други двајца го прикривале
ХРОНИКА

Вработен во Управа за водење матични книги не доаѓал на работа, други двајца го прикривале

Објавено May 4, 2025 20:49
Сподели
Сподели

СВР Скопје поднесе кривични пријави против тројца вработени во Управата за водење на матични книги Ј.Б., Г.А. и К.Н. сите од Скопје. Притоа Ј.Б. и Г.А. се сомничат за сторени кривични дела несовесно работење во службата и фалсификување исправа, додека К.Н. за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

Како што соопшти МВР, првопријавениот во текот на 2024 година постапувајќи несовесно во извршување на своите надлежности и овластувања не извршил надзор за кој бил должен над третопријавениот со оглед дека К.Н. воопшто не се појавувал на своето работно место во периодот од јули и август 2024 година и не ги извршувал своите работни задачи. А за тој период истиот бил евидентиран како присутен на работно место, со што првопријавениот му овозможил да се стекне со материјална корист во износ од 47.119 денари.

Второпријавениот несовесно и спротивно на законските прописи, бил должен да знае дека третопријавениот во одреден временскиот период бил надвор од државата, истиот го евидентирал како присутен на работното место во листата на редовност и врз основа на внесените работни часови му овозможил да му биде исплатена плата и да се стекне со материјална корист во износ од 103.772 денари. По ова иако спротивно на законските прописи третопријавениот си продолжил да доаѓа на работното место, а му била направена исплата, при што го оштетил Буџетот на РСМ во износ од 150.891 денари“, информираа од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јавниот долг по подолг период е намален и процентуално и во апсолутна бројка
Следна Статија (ФОТО) Џиџи Хадид и Бредли Купер објавија заедничка фотографија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Црногорка уапсена за кражба во златарница во Тетово

27-годишна девојка од Црна Гора вчера била уапсена во Тетово. Била пријавена за кражба на златен накит. -На 19.03.2026 во…

March 20, 2026
ХРОНИКА

Илија Танчев од Пловдив е исчезнатиот нуркач по кој се трага во Охридското Езеро | ФОТО

Илија Танчев (52) од Пловдив е лицето што исчезна при нуркање во Охридското Езеро. Во петок тргнал кон Охрид, а…

August 11, 2025
ХРОНИКА

Претседателката на Антикорупциска осомничена во случајот „Адитив“: Мерки за претпазливост за Димитровска

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд. Од…

April 24, 2025
ХРОНИКА

19-годишник со „бмв“ излетал од патот кај Миравци, починал на самото место

Денеска околу 04 часот во ОВР Гевгелија, било пријавено дека на регионален пат с.Миравци- с.Давидово, патничко возило „бмв“ со гевгелиски…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?