Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Врачени највисоките фестивалски признанија на Струшките вечери на поезијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Врачени највисоките фестивалски признанија на Струшките вечери на поезијата
МАКЕДОНИЈА

Врачени највисоките фестивалски признанија на Струшките вечери на поезијата

Објавено August 25, 2025 09:39
Сподели
Сподели

Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ и меѓународното поетско читање „Мостови“ вчера вечер на Мостот на поезијата во Струга заврши 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата.

Наградата „Златен венец“ на словачкиот поет Иван Штрпка му ја врачи директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш.

Уметничкиот директор на Фестивалот, Мите Стефоски на полскиот поет Матеуш Шимчик му го врачи признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант.

Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга на македонски јазик издадена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата на добитничката Јулијана Величковска и ја врачи претседателот на жири-комисијата Санде Стојчевски.

На 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата, учествуваа 70 поети од сите меридијани. Фокусот на годинашната манифестација е глаголицата. Фестивалот почна во четвртокот со традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата во чест лауреатот и палење на фестивалскиот оган во Домот на поезијата.

Манифестацијата се одржа под покровителство на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова, а финансирана од Министерството за култура и туризам.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почна УС Опен: Ѓоковиќ славеше на стартот, Медведев дивееше откако загуби добиен меч (ВИДЕО)
Следна Статија Десеттиот обид за лансирање на „Старшип“ на Маск е откажан, објавена е причината

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Демолирано и кафулето на газдата на дискотеката „Пулс“ во Кочани (ВИДЕО)

Група граѓани во Кочани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката каде во пожар загинаа 59…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Град Скопје излезе со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух

Град Скопје издаде препораки и мерки за заштита на амбиенталниот воздух откако утринава Министерството за животна средина и просторно планирање…

December 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фондот за здравство предупредува за лажна веб-страница на ФЗО која има за цел да ги украде личните и финансиски податоци на граѓаните

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги известува граѓаните за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

До Советот сѐ уште не стигнале пријавите од кандидатите за државен јавен обвинител

До Советот на јавни обвинители сѐ уште не се доставени пријавите од кандидатите кои конкурирале на огласот за избор на…

February 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?