Денешното соопштение на ДУИ е јасен доказ за паниката што ги зафати нивните редови. Откако со години го држеа Тетово во заложнижтво со празни ветувања и неуспеси, денес се обидуваат да политизираат процес кој конечно се решава, велат од ВРЕДИ.
-Граѓаните знаат дека проблемот со имињата на улиците и плоштадите не го создаде ВРЕДИ, туку е наследство од неодговорноста на ДУИ. Наместо да ја прифатат вината за своите пропусти, тие избираат да поттикнуваат тензии и да шират дезинформации.
ВРЕДИ останува посветен на решавање на прашањето за имињата на улиците во Тетово на законски и институционален начин и во интерес на граѓаните. Додека ДУИ се занимава со протести и пропаганда, ние се занимаваме со конкретни решенија и спроведување на проекти што му се потребни на Тетово, велат од ВРЕДИ.
Од партијата порачуваат дека времето за манипулации заврши.
-Тетово заслужува работа, одговорност и резултати, а не политичка паника. Тие се обидоа да протестираат и за правосудниот испит, но не само тоа, туку и 50 други испити ние ги регулираме. Тие протестираат за имиња, ние ги регулираме и овие. Да не протестират и за внатрепартиски проблеми, бидејќи и тие ќе ги регулираме, велат тие.
