Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВРЕДИ: ДУИ е политичкиот промотор на „српскиот свет“ во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВРЕДИ: ДУИ е политичкиот промотор на „српскиот свет“ во Македонија
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: ДУИ е политичкиот промотор на „српскиот свет“ во Македонија

Објавено August 14, 2025 19:17
Сподели
Сподели

ДУИ со години е најважниот политички партнер на структурите кои го промовираат концептот на „српскиот свет“ во Македонија. Нивната улога не е случајна, туку систематска и штетна по државните интереси, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Во продолжение соопштението во целост

Влезот на МТЕЛ на македонскиот пазар, во време кога сите клучни министерства во економскиот и финансискиот сектор беа во рацете на ДУИ. Без нивна политичка согласност, српската државна телекомуникациска компанија немаше да добие лиценца и пристап до стратешката комуникациска инфраструктура.

Обидот за влез на српското и црногорското подземје во бизнисот со онлајн казината кој беше под целосно патронанство и поддршка токму на министрите на ДУИ во минатата Влада. Доколку не се случеше промена на власта овој влез на српски капитал ќе беше веќе реалност.

Постојаните контакти на Али Ахмети и Бујар Османи со режимот на Александар Вучиќ, него лично и неговите министри, кои резултираа со политички и економски договори во корист на Белград, а на штета на македонските и албанските национални интереси.

Директната улога на Бујар Османи како Претседавач со ОБСЕ во заземање ставови кои ѝ одат во прилог на Србија, додека се вршеше притисок врз Косово. Наместо да го брани правото на Приштина, Османи ја користеше својата позиција за да ја поддржи српската дипломатија во меѓународните форуми.

Воведување на брз проток на границите со Србија, но не и на границите со Косово и Албанија беше политика на ДУИ минатите децении.

Преориентацијата на инфраструктурните приоритети со запоставување на Коридор 8, каде што освен сликање немаше ни педа нов пат, во корист на Коридор 10 што е дел од стратегијата за економско и транспортно врзување кон Белград.

Денес, ДУИ се обидува да го нападне и претстави ВЛЕН како продолжена рака на „српскиот свет“, но фактите говорат спротивното: тие самите се главните изведувачи на планот за продлабочување на српското политичко, економско и дипломатско влијание во Македонија.

ДУИ сакаат да се заборават сите срдечни и насмеани средби кои Али Ахмети и Бујар Османи лично ги имаа со Александар Вучиќ.

ВЛЕН останува цврсто на страната на евроатлантската ориентација на државата и нема да дозволи Македонија да стане пионот на агенди кои ја оддалечуваат од ЕУ и НАТО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорческа ќе игра четвртфинале на турнирот во Србија
Следна Статија Ќе добијат брдо пари: Еве кои знаци ќе доживеат преродба во втората половина на август

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Османи: Европскиот глас на Албанците во Владата е претворен во ништо, а тоа ништо се вика ВЛЕН

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, на денешната прес-конференција упати остри критики кон коалицијата ВЛЕН, оценувајќи дека по две години учество…

June 29, 2026
ПОЛИТИКА

Евркомесарката за проширување Марта Кос во посета на Скопје

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска ќе пристигне во Скопје да разговара за патот на земјата кон ЕУ и напорите…

July 8, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Сите ќе јадеме корења, а претставници од Владата со владин авион ќе одат на море

„Додека пола Влада на ВМРО-ДПМНЕ има бугарски односно европски пасоши, сите други во државата сега треба да чекаат со децении…

June 3, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски ги предупреди функционерите: Не заборавајте од каде доаѓате, удобните фотељи ќе ги замените со клупа пред кооперација

Во својот говор на 35-иот роденден на ВМРО-ДПМНЕ премиерот Христијан Мицкоски упати порака до сите државни и локални функционери во…

June 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?