Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Време е за „Мадрилењо“ во Лигата на шампионите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Време е за „Мадрилењо“ во Лигата на шампионите
СПОРТ

Време е за „Мадрилењо“ во Лигата на шампионите

Објавено March 4, 2025 11:23
Сподели
Сподели

Првите натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите ќе се играат во следните два дена, а дерби натпреварот ќе се одигра вечерва помеѓу мадридските клубови, Реал и Атлетико.

Реал Мадрид групната фаза од Лигата на шампионите ја заврши на 11. место на табелата со 15 бодови, поради што мораше да игра бараж за пласман во осминафиналето. Тимот на Карло Анчелоти го победи Манчестер сити во два меча во баражот за осминафиналето на Лигата на шампионите (3:2, 3:1).

Атлетико, групната фаза од Лигата на шампионите ја заврши на петтото место на табелата со 18 бодови и избори директен пласман во осминафиналето.

Вчера двајцата тренери одржаа прес конференции. Карло Анчелоти и Диего Симеоне си поделија комплименти и најавија дека нивна цел е пласман меѓу најдобрите осум екипи во Европа.

Поголеми кадровски проблеми има Карло Анчелоти. Познато е дека сезоната е завршена за Дани Карвахал и Едер Милитао, а вечерашниот дуел ќе го пропуштат Џуд Белингем поради жолти картони и Дани Себаљос поради повреда. Диего Симеоне ќе го составува тимот без повредените Коке и Цесар Аспиликуета.

Интересно, Реал нема победа над Атлетико во последните седум натпревари.

Лига на шампиони, осминафинале,

Вторник:

Клуб Бриж – Астон Вила 18.45 часот
Борусија Дортмунд 21.00 часот
ПСВ – Арсенал 21.00 часот
Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 21.00 часот

Среда::

Феенорд – Интер 18.45 часот
Баерн – Баер Леверкузен 21.00 часот
Бенфика – Барселона 21.00 часот
ПСЖ – Ливерпул 21.00 часот

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Остар пад на Волстрит по царините на Трамп за Канада и Мексико
Следна Статија Лауреус ги објави номинациите за спортист на годината

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Леброн Џејмс ги напушта социјалните мрежи

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, објави дека нема да одржува акаунти на социјалните мрежи, каде има вкупно 212…

November 21, 2024
СПОРТ

Конор Мекгрегор осуден за силување

Поранешниот шампион на УФЦ, Конор Мекгрегор, беше прогласен за виновен за сексуален напад на жена во хотел во Даблин во…

November 23, 2024
СПОРТ

(Видео) Аргентинците не знаат да губат – се степаа фудбалерите на Ривер и Интер

Синоќа, фудбалерите на Интер ја елиминираа Ривер Плата од Светското клупско првенство. Аргентинците тешко се помирија со фактот дека нема…

June 26, 2025
СПОРТ

ПСЖ ја освои Лигата на шампионите по 5:0 против Интер

Пари Сен Жермен е новиот европски клупски шампион! Парижаните го победија Интер во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА…

May 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?