Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Врз гробовите на нашите блиски градите кариери, порача Јанев и ја напушти Левица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Врз гробовите на нашите блиски градите кариери, порача Јанев и ја напушти Левица
ПОЛИТИКА

Врз гробовите на нашите блиски градите кариери, порача Јанев и ја напушти Левица

Објавено March 24, 2025 14:47
Сподели
Сподели

Разочаран од последните обиди на неговите сопартијци да политички да поентираат врз трагедиајта во Кочани, Јован Јанев преку долг пост објасни зошто ја напушта Левица и им порача – нема да дозволам врз гробовите на нашите блиски да градите кариери.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

Драги мои, оваа недела беше најтешка за сите нас, особено за нас од истокот. Сакав да ги испочитувам деновите на жалост и овие работи да ги коментирам подоцна.

Официјално, сакам со вас да споделам дека ЈА НАПУШТАМ ЛЕВИЦА.

Знаете дека политички веке не сум активен повеќе од пола година, иако има многу интерни причини, ова ги надмина сите граници.

“Мораме да ја искористиме ситуацијата максимално”

“Најтешко е да си УМС” и така натаму…

Драги “левичари”, пред да почнете да правите планови како да ме “бришете од земјата” – како што би рекол еден од поглаварите, сакам да ви кажам дека доаѓам од Штип – истокот.

Имам дома сестра, таа изгуби свој близок, изгуби сакан, секој ден плакаме по него.

Имам другар кој се бори за живот, со кој од деца растевме и имаме милиони спомени.

Имам сокласници и другари од Кочани (Кој од УМС, СДММ, Црвена итд) закопаа роднини и другари.

Иста ни е болката.

А Што разбирате вие?

Нашиот левичарски дух треба да е соживот со народот, наместо тоа вие користете прилики како да добиете публицитет, седејки во вашите удобни столчиња во Скопје и не знам каде друго, немате грам чувство за тоа како НИЕ овде патиме и се чувствуваме. Играте пинг понг со изјави и обвинувања, се имате освен емпатија.

“Максимализирате” СМРТ НА ДЕЦА!?

Немате “гајле”, немате поврзаност со нас ниту сакате да имате. Врз гробовите на нашите блиски градите кариери.. не ви го дозволувам тоа. Многу лесно зборите кога нема некој “ваш” таму.

И знам дека сега вашите “другари” ќе ме наречат “клиентелист”, “опортунист”, “џган”, но цела нација и партија знае кој сум, што сум и што се имам направено. Знаат за притворите кои сум ги лежел, протестите кои сум ги водел и говорите кои сум ги држел – жртвата која ја давав за сите.

Да, се сум што ќе кажете, се сум што ќе посакате НО за разлика од добар дел од вас сум ЧОВЕК.

Во ваша комунистичка мода, знаете како вели Сталин:

“Еден мртов е трагедија, милион се статистика”

Па така, моите браќа и сестри кои загинаа излезе дека за вас се обична статистика која ќе се рекалкулира и ќе се реконвертира во гласови.

После ова, линчувајте ме како сакате, не ме интересира, не ме интересираат ставовите на вашите “колеги” за мене, се грижам како само ближните да си ги смирам.

“Ако чувствуваш болка – жив си, Ако чувствуваш туѓа болка – човек си” штета голем дел од вас веќе не сте луѓе – голем дел од вас станавте пУлитиканти.

Се гледаме во “рингот” кога ќе дојде време.

Во Левица, има толку квалитетни кадри, луѓе кои до смрт ги сакам, морално, сакам да се тргнам од таму. Оваа објава не ги карактеризира сите членови таму.

Народе мој, чувајте се и сакајте се, сега мора да сме силни, а другите.. ќе дојде суден ден – за сите!

Другари, нашата идеологија за која се боревме таму не беше ваква…

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АХВ: Во див магацин во Маџари пронајдени и уништени 40 тони небезбедни сувомесни производи
Следна Статија Мицкоски: Цената за откуп на тутун е 400 денари по килограм и 100 денари субвенции, продолжуваме посветено да работиме во интерес на земјоделците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Османи со закани: Нема локални без парламентарни, без Закон за јазиците, без Балансер

Бујар Османи од ДУИ во гостувањето на ТВ21 вели дека не може да има локални избори без парламентарни избори, но…

March 4, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Потребен е државнички пристап за евроинтеграциите, Мицкоски одбива секаков предлог

Потребен е државнички пристап за одблокирање на европските интеграции, жалам што премиерот еднаш бара конструктивност а потоа одбива секаков предлог,…

August 31, 2025
ПОЛИТИКА

Фетаи до Ахмети: Лицемерно е да зборувате за достоинство

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, остро реагираше ден по изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој оцени дека…

April 21, 2025
ПОЛИТИКА

Кандидатот на СДСМ за Пробиштип, Анастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскурзија низ Европа за сите матуранти во новиот мандат

„Денес не сум пред вас само како кандидат за нов мандат, туку како човек кој верува во себе и во…

October 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?