Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вучиќ во Украина: Прва посета од избувнувањето на војната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Вучиќ во Украина: Прва посета од избувнувањето на војната
БАЛКАН

Вучиќ во Украина: Прва посета од избувнувањето на војната

Објавено June 11, 2025 12:57
Сподели
Сподели

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа што денеска се одржува во Одеса, потврдија од неговиот кабинет.

Српските медиуми потсетуваат дека на минатогодишниот Самит во Дубровник имаше несогласувања околу текстот на заедничката декларација за украинската криза, поради што и овој пат се очекуваат тешки разговори и дипломатски судири.

Премиерите на Грција и Хрватска го потврдија своето присуство уште на 23 мај, а потврда пристигна и од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, посочува Анадолија.

Претходниот самит се одржа во октомври 2024 година во Дубровник, кога исто така присуствуваше и Вучиќ. Тогаш беше усвоена заедничка декларација со која се осудува руската инвазија врз Украина, се поддржува нејзиниот територијален интегритет, европските интеграции и членството во НАТО.

Посетата на Вучиќ на Украина е прва од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година и се смета за важен дипломатски сигнал, имајќи предвид дека Србија досега се обидуваше да одржи неутрална позиција во однос на конфликтот. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Ниту една казна нема да биде доволно“ – Обвинителството бара доживотен затвор за убијците на Вања и Панче
Следна Статија Се огласи мајката Зорица: Вања не е само број на жртва, Вања беше живот, со очи, со глас, со планови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Ѓоковиќ за студентските протести во Србија: Важно е нивниот глас да се слушне

Нajпознатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа на социјалната мрежа Х објави дека е важно да се слушне гласот на студентите…

December 19, 2024
БАЛКАН

Турист во Хрватска шокиран од цените: „Ова е поскапо од Париз и Њујорк“

Сè повеќе туристи и домашни посетители се жалат дека летувањето во Хрватска станало вистински луксуз, а социјалните мрежи се преполни…

August 20, 2025
БАЛКАН

Апелациониот суд во Ниш го укина решението со кое се потврдува обвинението за смртта на Данка Илиќ

Советот на Апелациониот суд во Ниш вчера донесе решение со кое ја укинува одлуката на Вишиот суд во Зајечар со…

December 31, 2024
БАЛКАН

Србија: бебињата близнаци на возраст од еден месец починаа по тешката сообраќајка

Двете бебиња близнаци кои имаа само еден месец, им подлегнаа на повредите по тешката несреќа што се случи вчера во…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?