Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вучиќ мора на пауза, се очекува Брнабиќ да преземе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Вучиќ мора на пауза, се очекува Брнабиќ да преземе
БАЛКАН

Вучиќ мора на пауза, се очекува Брнабиќ да преземе

Објавено May 5, 2025 09:07
Сподели
Сподели

Доколку српскиот претседател е привремено спречен да ја извршува функцијата, неговите должности и одговорности ги презема претседателот на Собранието, најмногу три месеци, како што е пропишано со Уставот на државата, јави допписникот на МИА од Белград.

Српските медиуми нагласуваат дека на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој во петокот од здравствени причини ја прекина посетата на САД и завчера беше на преглед во Военомедицинската академија, лекарите му предложиле пауза во извршувањето на неговите секојдневни обврски.

Здравствената состојба на Вучиќ е стабилна, покажаа подоцна резултатите од прегледите, но кардиологот и началник на Воената здравствена управа Драган Динчиќ изјави дека „не е реално да се очекува тој да се врати на редовните активности во следните неколку дена“.

Во тој период, формално, должностите на Вучиќ треба да ги преземе претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ. Досега нема соопштение од кабинетот на Вучиќ ниту од Брнабиќ.

„Кога претседателот на Републиката е спречен да ги извршува своите должности или неговиот мандат ќе престане пред истекот на мандатот за кој е избран, него го заменува претседателот на Народното собрание“, е утврдено во член 120 од Уставот на државата. Во став 2 од тој член е утврдено дека „претседателот на Народното собрание може да го заменува претседателот на Републиката најмногу три месеци“.

„Изборите за претседател на Републиката мора да ги распише претседателот на Народното собрание, така што тие ќе се одржат најдоцна три месеци откако претседателот на Републиката ќе стане неспособен, односно по истекот на мандатот за кој е избран“, е утврдено во став 3 од член 120 од Уставот на Република Србија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маск го најави еден од најамбициозните проекти: Никнува град во Тексас, милијардерот има само една цел
Следна Статија (Видео) Вориорс го елиминираа Хјустон, Индијана го изненади Кливленд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Му падна тркалото: Oбид за атентат врз Вучиќ?

Опасен инцидент се случи денеска додека претседателот Александар Вучиќ со службено возило патувал кон Мокрин. Замалку беше избегната трагедија кога…

February 8, 2025
БАЛКАН

За почист воздух Албанија ќе го забрани увозот на возила произведени пред 2011 година

Албанија ќе го забрани увозот на возила произведени пред 2011 година, како дел од мерките за намалување на загадувањето на…

January 16, 2025
БАЛКАН

Шок во Приштина: За Косово да добие кандидатски статус потреба е согласност од сите земји-членки на ЕУ

Вршителот на должноста шефица на Канцеларијата на Европската Унија (ЕУ) во Косово, Ева Палатова, денеска изјави дека Косово не може…

May 7, 2026
БАЛКАН

Зошто САД му ги укинаа санкциите на Додик?

Одлуката на американската администрација на Доналд Трамп да ги укине санкциите против Милорад Додик и група негови соработници предизвика жестоки…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?