Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вучиќ ќе се сретне со Путин во петок во Москва
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Вучиќ ќе се сретне со Путин во петок во Москва
БАЛКАН

Вучиќ ќе се сретне со Путин во петок во Москва

Објавено May 6, 2025 21:34
Сподели
Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде домаќин на повеќе од 30 странски лидери за време на дводневните свечености по повод Денот на победата, кои ќе се одржат на 9 и 10 мај во Москва, потврди неговиот советник Јуриј Ушаков.

Централниот настан ќе биде Парадата на победата на Црвениот плоштад на 9 мај наутро, на која ќе присуствуваат лидерите на пријателските земји на Русија. Церемонијата почнува во 10 часот по московско време, а потоа следува положувањето венци на Гробот на незнајниот јунак и заедничко фотографирање. На пладне во Кремљ ќе почне официјалниот прием за странските делегации.

Меѓу поважните билатерални средби на 9 мај ќе биде средбата на Путин со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Како што потврди Ушаков, тие ќе разговараат за „цел спектар билатерални прашања“, но и за политичката ситуација на Западен Балкан.

Вучиќ, како што е најавено, утре се враќа на должност по хоспитализацијата, а се очекува и да ѝ се обрати на јавноста. Неговото патување во Москва предизвика реакции на Европската комисија која порача дека „односите со Русија не можат да бидат вообичаени додека трае војната“.

Путин тој ден ќе одржи средби и со претседателот на Бразил Луиз Инасио Лула да Силва, со египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, со словачкиот премиер Роберт Фицо и со узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзиоев. За време на свечениот ручек се планирани и кратки неформални разговори со останатите лидери.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Средба на Мицкоски со претставници на Вреди вечерва во Владата
Следна Статија На Бит Пазар пронајдено починато машко лице без документи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ: Ја подигнав Србија, не ми паѓа на памет да бегам

Не ми паѓа напамет да бегам од државата, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ бидејќи како што тврди – ја „подигнал“…

December 19, 2024
БАЛКАН

Aко одите на Балкан застанете во Македонија да наточите бензин, пишуваат словенечките медиуми

Словенечкиот весник „Дело“ во својата анализа пишува дека во Македонија има најевтини горива. „Доколку патувате низ Балканот, застанете во Скопје…

March 24, 2026
БАЛКАН

Од октомври 500 евра минимална плата во Србија

Преговорите за зголемување на минималната плата во Србија за следната година ќе почнат кон крајот на август или почетокот на…

July 15, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Молотови коктели на протест во Тирана: 46 лица уапсени по судири со полицијата

Вкупно 46 лица се уапсени по синоќешниот протест на опозицијата во Тирана, кој прерасна во повеќечасовни судири меѓу демонстрантите и…

February 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?