Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: В недела Алкалоид игра меч за историја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > В недела Алкалоид игра меч за историја
СПОРТ

В недела Алкалоид игра меч за историја

Објавено May 15, 2025 18:00
Сподели
Сподели

Поради големиот интерес за првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу АЕК и Алкалоид закажан за в недела во Атина, домаќините денеска соопштија дека ќе бидат отворени дополнителни блокови и пуштени во продажба дополнителни билети, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, досега се продадени околу 3.000 карти.

Натпреварот ќе се одигра во олимписката сала „Сунел Арена“, продажбата на билети започна во вторникот и како што објави МИА се по цена од 10, 15 и 40 евра во ВИП делот.

Денеска пак, два дена откако беа пуштени во продажба, голем дел од билетите веќе се распродадени, па домаќините отворија уште два блока од една од трибините, со што засега, отворени за гледачи се 12 од 44 блока од трибините во салата, а доколку бидат исполнети, ќе се отворат и дополнителни.

– Со брзо темпо продолжуваат да се продаваат билетите за првото европско финале на Европскиот куп на ЕХФ против Алкалоид, кое ќе се одржи во „Сунел Арена“ во недела, 18 мај во 19:00 часот. Поради големата побарувачка, АЕК информира дека се отворени и блоковите 3 и 10 од салата! Ве повикуваме сите да го поддржите нашиот тим на патот кон европскиот успех, соопштија од АЕК.

Извори од клубот за МИА посочија дека досега се продадени околу 3.000 билети.

Натпреварот АЕК-Алкалоид во Атина е закажан за 19 часот по локално, 18 часот по македонско време, а реваншот во Скопје ќе биде една седмица подоцна, на 25 мај во спортската сала „Борис Трајковски“.

Салата „Сунел Арена“ во западниот дел на Атина, изградена за Олимписките игри одржани во 2004 година, а реновирана пред четири години, има капацитет да прими околу 9.000 гледачи, а од 2019 година ја користи КК АЕК за натпреварите во грчката кошаркарска лига, но е приспособена за одржување и на ракометни натпревари

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ексминистерот Бектеши во домашен притвор
Следна Статија Вреди формираше нова пратеничка група, колкумина од кај Таравари ќе останат?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Почна УС Опен: Ѓоковиќ славеше на стартот, Медведев дивееше откако загуби добиен меч (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Отвореното првенство на САД. Србинот одигра меч со многу осцилации, но во…

August 25, 2025
СПОРТ

Пеколно тешко: Ова се можните противници на Македонија на ЕП

Познати се шеширите за ждрепката која ќе се одржи во четврток. Македонија е во третиот барабан. Прв шешир: Франција, Данска,…

May 12, 2025
СПОРТ

Лазаров: Имаме убави спомени од Вараждин, нека биде така и сега

Вараждин е добро познат град за македонските ракометари кога се во прашање големите турнири. „Имаме позитивни сеќавања од 2009 и…

January 7, 2025
СПОРТ

Следниот противник на Ноле има проблем со таткото

По победата во првото коло на Вимблдон Даниел Еванс се отвори и откри дека неговиот татко го пропуштил натпреварот поради…

July 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?