Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Газдата на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски нуди 2 милиони евра за да излезе од притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Газдата на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски нуди 2 милиони евра за да излезе од притвор
ХРОНИКА

Газдата на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски нуди 2 милиони евра за да излезе од притвор

Објавено April 22, 2025 14:39
Сподели
Сподели

Сопственикот на Пуцко Петрол и син на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски, Асмир Јахоски, понудил кауција вредна 2 милиони евра за да излезе од притвор, дознава порталот expres.mk од извори во правосудниот систем. Одбраната на Јахоски, кој е еден од 13 осомничени во истрагата за набавка на токсичен мазут за ТЕЦ Неготино, наводно во четвртокот поднела барање за прекин на притворот и замена со гаранција.

Во барањето се нудат објекти чија вкупна вредност изнесува 2 милиони евра, со што неговите адвокати се обидуваат да го убедат судот дека Јахоски може да се брани од слобода, иако истрагата се однесува на тендери вредни 167 милиони евра.

„Барањето е испратено на мислење во надлежното обвинителство, односно во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, по што ќе одлучува Кривичниот совет, за што јавноста ќе биде благовремено известена“, изјавија од Кривичниот суд за медиумите.

Одлуката треба да ја донесе совет од тројца судии, кои ќе направат правна проценка дали, пет недели по одредувањето на притвор поради опасност од бегство и влијание врз сведоци, постојат услови Јахоски да продолжи со одбрана од слобода.

Извори од Јавното обвинителство за организиран криминал и скопскиот кривичен суд за expres.mk велат дека, за дел од неговото семејство и кругови во ДУИ, пуштањето на Јахоски веќе се смета за „завршена работа“.

Процесот на барање за замена на притворот започнал на „Велики четврток“, кога до судот било поднесено формално барање од страна на неговите бранители. Изворите тврдат дека откако шефот на Обвинителството за организиран криминал, Ислам Абази, дало мислење дека Јахоски треба да се брани од слобода и ќе биде донесена конечна одлука.

Абази, кој во 2022 година беше избран за прв човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција, често е поврзуван со блискост до функционери на ДУИ. Тоа го засилија и неговите фотографии со лидерот на партијата, Али Ахмети, како и со други членови на ДУИ.

Во случајот со ТЕЦ Неготино, за кој беше отворена истрага за набавка на мазут од 2021 до 2023 година во вкупна вредност од 167 милиони евра, Обвинителството првично побара притвор за петмина. Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, е во бегство, додека во Шутка завршија Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски – сопственици на фирмата РКМ, како и поранешниот секторски директор во ЕСМ, Ардијан Муча.

Асмир Јахоски прво доби домашен, а потоа и затворски притвор. Тој е единствениот осомничен од бизнис-круговите кој се поврзува со директна политичка линија – како син на актуелен пратеник на ДУИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дизелот и бензинот со иста цена, се намалува мазутот
Следна Статија ПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР: Прво ќе има јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Видевски: Го прашав Палчо зошто ја уби Вања, тој само ги крена рамениците

На денешното рочиште за убиството на малолетната Вања и велешанецот Панче се читаше исказот на Боре Видевски. Исто така, Судот…

March 26, 2025
ХРОНИКА

Кривична пријава против тројца за бруталното претепување на бездомното куче Феликс

Кривична пријава е поднесена против тројца осомничени за крвничкото претепување на бездомното куче Феликс во кругот на фирма во индустриската…

January 10, 2025
ХРОНИКА

Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во општината: ја злоупотребиле службената положба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за…

July 24, 2025
ХРОНИКА

Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала

Либерално демократската партија соопшти дека почина Филип Аврамчев, нивен долгогодишен член и поранешен директор на ЈУ „Универзална сала“. Со длабока…

May 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?