Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Газда Деко: Зарем сериозно мислите дека ако знаев дека фали нешто, не би презел сѐ?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Газда Деко: Зарем сериозно мислите дека ако знаев дека фали нешто, не би презел сѐ?
МАКЕДОНИЈА

Газда Деко: Зарем сериозно мислите дека ако знаев дека фали нешто, не би презел сѐ?

Објавено December 2, 2025 14:57
Сподели
Сподели

Првообвинетиот сопственик на клубот „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, денеска за првпат говореше пред судот и пред семејствата на загинатите во трагедијата. Тој изјави дека девет месеци се наоѓа во притвор и повторно ја спомна кобната вечер, но неговите тврдења не беа прифатени од присутните.

Јованов нагласи дека, како сопственик, не би дозволил во клубот да постојат пропусти, тврдејќи дека секогаш се грижел за безбедноста на посетителите.

„Зарем сериозно мислите дека ако знаев дека фали нешто, не би презел сѐ? Имам пораснато десетина генерации, сите знаат како се грижев за безбедноста“, рече Јованов низ солзи.

Тој спомена и дека и неговото семејство имало загуби и повредени.

„И ние во нашата фамилија имаме починато и едно повреден, и затоа ја носиме истата болка што и вие ја носите.“

Ова предизвика незадоволство кај присутните родители, кои му дофрлија:

„Ништо не знаеш!“

Во своето обраќање, Јованов се обиде да го одбрани и третотообвинетиот Михаил Јованов, прашувајќи зошто тој воопшто е опфатен со обвинението.

„Михајло немаше обврски поврзани со клубот, имаше сопствена фирма и не беше вклучен во неговото функционирање“, изјави тој.

Настанот повторно ги отвори прашањата околу одговорноста и пропустите кои доведоа до трагедијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Азија подготвена за претпазлив почеток пред зафатена недела со податоци
Следна Статија Трамп вели дека знае кој ќе биде нов претседател на Федералниот резервен систем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Уставен суд: Сè уште не е донесена конечна одлука за линеарното зголемување на пензиите, во тек е втората фаза од постапката

Уставниот суд информира дека сè уште не е донесена конечна одлука за предметот кој се однесува на членот 2 од…

November 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се бара поголема универзитетска автономија, професори со критики за предлог-законот за високо образование

Професори на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје со  забелешки на предлог-законот за високо образование, за кој Министерството за…

February 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Пет пациенти кои се лекуваат надвор од Македонија во критична состојба

Педесет и пет пациенти и натаму се лекуваат во болниците од земјава, сите се во стабилна состојба, а од утре…

March 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Максимално се работи на решавање на случаите со запалените автомобили

Верувајте работиме максимално на расчистување на случаите со запалените автомобили, изјави денеска директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?