Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

Објавено April 20, 2025 11:11
Сподели
Сподели

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитки до граѓаните од христијанска вероисповед, по повод Велигден.

„Во овие светли денови на радост и духовна обновеност, дозволете ми од свое лично име и од името на Собранието на Република Северна Македонија да Ви ги честитам Велигденските празници. Велигденската порака е порака на надеж и обнова. Овој значаен празник е можност повторно да се потсетиме дека заедничките вредности како што се меѓусебното почитување, солидарноста и човечката добрина се суштински за напредокот на секое општество“, се наведува во честитката.

Како граѓани на нашата заедничка татковина, се додава, нашата должност е заеднички да градиме мостови на разбирање, хармонија и мир, кои ќе бидат цврст темел за просперитетна и стабилна иднина.

„Нека овие велигденски денови бидат исполнети со семејна среќа, лична радост и заеднички спокој, поттикнувајќи нè да се соочуваме со сите предизвици преку позитивни примери и меѓусебна поддршка. На сите вас, драги пријатели, ви посакувам мир, добро здравје и благосостојба, и да го поминете Велигден во топлина и љубов со вашите најблиски. Честит Велигден!, стои во честитката од претседателот на Собранието“ Африм Гаши.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Астронаутите Овчинин, Вагнер и Петит успешно слетаа по 6 месеци поминати во Вселената
Следна Статија Најпопуларната диета во светот: Методата 5/25/25 ги топи сите насобрани килограми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Антикорупциска иницира постапка против поранешната министерка за култура за злоупотреба на буџетски средства за приватни цели

Државната комисија за спречување на корупција денеска донесе одлука да иницира постапка до надлежните органи во врска со употреба на…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

МОН: Повеќе од 12 милиони евра од буџетот за науката во Македонија

Министерството за образование и наука оваа календарска година преку три повици за распределба на средства ја стимулираше реализацијата на научно…

November 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стејт департмент: Македонија добро се справила со терористичките закани во 2023 година

Македонија во 2023 година направила напредок во борбата против тероризмот со усогласување на стратешките документи со законодавството на ЕУ и…

December 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Давкова од Тирана: Посериозна препрека е билатерализацијата на интегративниот процес од самите балкански соседи

Колку сме поединствени, толку ќе бидеме поотпорни на било какви предизвици. Верувам во регионалното единство и повикувам на јасен, силен,…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?