Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гаши: Во јануари ќе донесеме календар за работа, мора да прекине пристапот дека Собранието е гласачка машинерија за закони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Гаши: Во јануари ќе донесеме календар за работа, мора да прекине пристапот дека Собранието е гласачка машинерија за закони
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Во јануари ќе донесеме календар за работа, мора да прекине пристапот дека Собранието е гласачка машинерија за закони

Објавено December 27, 2025 15:22
Сподели
Сподели

Во Собранието мора да преовлада взаемната почит помеѓу пратениците, па и на различни политички партии. Ако не се почитуваме ние самите себеси едни кон други, немаме почит, не можеме да очекуваме дека граѓаните ќе не почитуваат. Оттука почнува се, вели во интервју за МИА претседателот на Собранието Африм Гаши.

Разликите постојат и треба да останат, вели тој, но, не треба да бидеме барикадирани во нив туку низ дијалог и врз база на аргументација да доаѓаме до заеднички решенија кои се во функција и добробит на сите граѓани.

Во пораката што ја упатува до пратениците и до граѓаните во пресрет на новата година, Гаши посочува оти очекува да се зголеми политичката култура и взаемната почит. Да почнеме, потенцира тој, да размислуваме за најбитните човечки особини за коишто сме учеле уште од детството, како што се почитта, респектот, толеранцијата, љубовта која треба да ја покажеме кон нашите колеги и другите луѓе со кои работиме заедно. Тие треба да преовладуваат.

-Премногу негативна енергија имаме, контаминирано општество создаваме. И Собранието треба на некој начин да биде предводник на ова премостување на вредносниот систем. Треба да направиме и вредносна транзиција во општеството. Да почнеме да зборуваме за добрите работи, за почита, за љубовта, за позитивните работи во државата, за помош, солидарност, за емпатијата, за етиката, за моралот, нашите семејни вредности итн, посочува Гаши.

Зборувајќи за работата на Собранието во изминатата година тој рече дека врз основа на истражување на јавното мислење за првпат после десет години имаме подобрена перцепција на граѓаните за Собранието. Но, исто така укажува дека треба да се намали бројот на закони по скратена постапка што се предлагаат и оти на тоа постојано ќе посочува. Според него, едно од решенијата за намалување на бројот на закони по скратена постапка е календарот за работа на Парламентот што треба да се донесе во јануари така што Владата, предлагачите на законите, но и министерствата и администрацијата ќе можат да ги планираат кога да ги достават законите до Собранието.

– Прво, веднаш планираме во јануари да донесеме календар. Ќе предложиме на координација, календар на активности и на пленарни седници по кои ќе комуницираме со Владата, и тие ќе знаат точно кои месеци, кои денови точно ние планираме пленарни седници. Кога сакаат да им се донесе закон, ќе знаат точно кога да го пратат. И ќе треба сензибилизација. Јас мислам дека не е работата само до Владата. Имаме, за жал, неквалитетна или недобра култура во однос на меѓуинституционалната работа помеѓу ресорите и службите што работат во министерствата, и во Собрание. За 34, 35 години така се научени побрзо да ги завршат работите. Мислат дека Собранието треба да биде гласачка машинерија за носење на закони. Тој пристап мора да се смени, потенцира Гаши.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез
Следна Статија На СДСМ почнаа сите да им пречат: Јован Деспотовски го нарекоа петтоколонаш, предавник и соработник на ВМРО-ЗНАМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Германија ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ, вели Вадефул

Тука во Скопје перспективите на идното пристапување во ЕУ се голема тема. Германија ја поддржува Македонија на овој пат, којшто…

November 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Проект за 250 евра ваучер за таблети за сите студенти и до 10.000 евра за бизнис за млади

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше мега проекти за младите. -ВМРО-ДПМНЕ го прави тоа за младите кои се сила, иднина…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кондарко: Нема значително зголемување на бројот на независни кандидатури за локалните избори и покрај кандидирањето со само два потписа

Времето покажа дека нема значително зголемување на бројот на пријавени кандидатури од независни листи, рече претседателот на Државната изборна комисија…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните попладне ќе добијат СМС порака, еве за што се работи

Денес, во текот на попладневните часови, граѓаните ќе добијат тест-СМС порака преку системот cell broadcasting, со цел проверка на техничките…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?