Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гаши: Законот овозможува владејачкото мнозинство да ја укине „техничката“ влада, но подобро е да се постигне договор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Гаши: Законот овозможува владејачкото мнозинство да ја укине „техничката“ влада, но подобро е да се постигне договор
ПОЛИТИКА

Гаши: Законот овозможува владејачкото мнозинство да ја укине „техничката“ влада, но подобро е да се постигне договор

Објавено January 29, 2026 14:21
Сподели
Сподели

За да се укине „техничката“ влада, најдобро е претходно да се постигне консензус меѓу сите и затоа треба да се потрудиме. Да се дојде до решение по кое сите заедно ќе констатираат дека таква влада не е потребна, изјави денеска претседателот на македонското Собрание Африм Гаши. Тој во ги коментираше и најавите од министерот за јавна администрација Горан Мичев дека до пратениците ќе достави предлог на измени на Законот за Влада во кој се прецизира каде опозицијата ќе има дополнителни заменици министри и дека техничката Влада ќе важи само уште за следните парламентарни избори. Спикерот вели дека за такво нешто е потребен претходен договор.

-Законот не забранува промената да се прави преку закон. Но, мислам дека треба да се договориме и дека би било подобро заедно да се договориме околу тоа. Ако се сака инаетчиски и тврдоглаво да се застане зад еден став, тогаш тоа треба да се аргументира, рече Гаши.

На новинарско прашање дали под терминот „инаетчиски“ мисли на однесувањето на СДСМ, која тврдо опстојува на стојалиштето дека „техничката“ влада треба да остане, Гаши одговори дека мисли на сите.

-На мислам на СДСМ туку воопшто. Силата на аргументите треба да биде решавачка а не партиски интереси – потенцира првиот парламентарец.

Инаку, во текот на идната недела треба да дојде до иницијалниот состанок на работната група која ќе работи на измените на изборната регулатива. Се уште не е јасно дали пратениците ќе работата на нови, кој знае кој по ред, измени на актуелниот закон или ќе добијат потполно нов законски текст. Тоа, вели Гаши, ќе зависи од тоа што ќе добијат како предлог од Министерството за Правда. Гаши ќе инсистира работната група своите обврски да ги реализира во рамките на законодавниот дом.

Досега, сите партии застапени во Парламентот освен еден независен пратеник и Мендух Тачи од ДПА, номинирале по двајца претставници кои ќе работат на измените на изборните „правила на игра“. Првиот парламентарец најави дека ќе поабара во процесот на измена да бидат вклучени и тоа активно и другите институции кои се дел од изборниот процес – како Државната изборна комисија, ДКСК, АВМУ, Државниот завод за ревизија, кои треба да дадат свои предлози и сугестии во кој правец и во колкава мерка да се измени законската материја, за процесот на избори да се направи што поефикасен и без сомнеж за неговата легитимност и регуларност. Гаши не инсистира, но и не одбива, тој да биде на чело на работната група која ќе ги донесе такцвите измени.

На последната лидерска средба станало збор и за комплетно нов Изборен законик со кој би се променил изборниот модел по кој Македонија наместо со шест би станала една изборна единица, а пратеницие би се бирале со отворени листи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Запленети тутунски производи од малопродажен објект во Струга– избегната акциза од 509 илјади денари
Следна Статија Албанија ќе гради мигрантски кампови во Пустец каде што живеат Македонци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Го величаше Заев на партиска дебата, а сега стана граѓанска активистка (ВИДЕО)

Девојката што на партиска трибина на СДСМ го величаше екс премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вчера зборуваше како…

March 19, 2025
ПОЛИТИКА

Спасовски три месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај, обвини ВМРО ДПМНЕ

Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина…

December 12, 2025
ПОЛИТИКА

Сали: „АС Сењак“, алката што го поврзува Ахмети со Мијалков и српскиот режим

Четврти ден владее молк и паника. Нема објаснување за трансакциите со акции меѓу фирмата „АС Сењак“ и компании поврзани со…

September 30, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) Илиевска со камион тргна на средби со граѓани со цел да ја врати Битола

Кандидатката за градоначалник на Општина Битола, Габриела Илиевска, на својот Фејсбук профил се обрати со видео порака, прашувајќи: „Кој рече…

October 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?