Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гаши: Мнозинството останува стабилно, ќе работиме со полн капацитет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Гаши: Мнозинството останува стабилно, ќе работиме со полн капацитет
ПОЛИТИКА

Гаши: Мнозинството останува стабилно, ќе работиме со полн капацитет

Објавено May 27, 2025 13:12
Сподели
Сподели

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска посочи дека мнозинството останува стабилно и оти Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет. Во однос на тоа кога ќе се избере новиот министер за здравство, Гаши напомена дека премиерот е тој што треба да го предложи, тој предлог да биде ставен на дневен ред, и потоа ќе биде доставен до сите пратеници во Собранието.

-Ставилно е мнозинството. Нема никаква дилема околу тоа дали имаме мнозинство, се работи за преминување на една од политичките партии во опозиција, но гледате дека неколку пратеници остануваат дел од „Влен“. Мислам дека Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет, изјави Гаши одговорајќи на новинарско прашање, пред почетокот на Балканскиот Самит на Алумни „Securing Regional Prosperity through NextGen Leadership“.

Прашан кога ќе се избере новиот министер за здравство, Гаши одговори дека најпрвин премиерот треба да го предложи новиот министер, тој предлог да биде ставен на дневен ред, и потоа ќе биде доставен до сите пратеници во Собранието.

-Како што знаете, и по Закон и по Деловник, предлогот доаѓа од Владата. Премиерот треба да предложи нов министер. Кога ќе дојде на дневен ред предлогот, тој предлог веднаш во Собранието ќе биде доставен до сите пратеници и ќе ја ставиме на првата наредна седница, посочи Гаши.

Првиот вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити синоќа пред седницата на Централното претседателство на ВРЕДИ соопшти дека Азир Алиу ќе биде нивен предлог за нов министер за здравство по оставката на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција, како и дека Арбен Фетаи ќе биде вклучен во партиското раководство и ќе остане вицепремиер за добро владеење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Воз удрил во патничко возило во Велес
Следна Статија Спречен нелегален влез на мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Сите ќе јадеме корења, а претставници од Владата со владин авион ќе одат на море

„Додека пола Влада на ВМРО-ДПМНЕ има бугарски односно европски пасоши, сите други во државата сега треба да чекаат со децении…

June 3, 2026
ПОЛИТИКА

Пленковиќ нѐ пофали: Македонската Влада напредува многу добро во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ

Македонската Влада е за исполнување на критериумите за членство во Европската Унија и сметам дека тие напредуваат многу добро –…

May 26, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ: Зошто Деспотовски и Шилегов се избрани од ВМРО за напад врз партијата?

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека интензивирањето на нападите, црните кампањи и обидите за внатрешно рушење на партијата доаѓаат во…

January 23, 2026
ПОЛИТИКА

Перински: Отповикување на градоначалник да биде преку референдум

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински.смета дека отповикувањето на градоначалниците што нема да ја извршуваат својата функција би требало да…

October 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?