Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гаши повикува на чесна и демократска кампања: Без инциденти, заплашувања и омаловажувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Гаши повикува на чесна и демократска кампања: Без инциденти, заплашувања и омаловажувања
МАКЕДОНИЈА

Гаши повикува на чесна и демократска кампања: Без инциденти, заплашувања и омаловажувања

Објавено September 28, 2025 16:03
Сподели
Сподели

Претседателот на Собранието Африм Гаши, во пресрет на локалните избори упати јасен повик до сите политички субјекти, кандидати, институции, медиуми и граѓани изборната кампања да се води во духот на демократските принципи.

– Изборите не се само институционална формалност, туку основно право и реален инструмент за граѓаните да изберат раководители со интегритет, визија и посветеност кон јавниот интерес. Очекувам сите да покажат висок степен на политичка и граѓанска култура и да се воздржат од притисоци, говор на омраза, поларизирачка пропаганда и злоупотреба на јавни ресурси – порача Гаши.

Тој истакна дека политичката трка треба да биде трка на идеи и програми, без инциденти, заплашувања или омаловажувања, нагласувајќи дека демократијата се мери со достоинството на изборниот процес, а не само со победата на поединец или партија.

– Граѓаните заслужуваат почит, а демократијата бара одговорност. Кога чесноста ја води трката, резултатот е победа за целото општество – заклучи претседателот на Собранието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Олдтајмери од цел свет во Скопје
Следна Статија Филипче: Без силен СДСМ, пропаѓа надежта дека Македонија ќе биде правична, демократска и европска држава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Протестите за шумата над Љубојно се проширија и во Ресен

Мештаните на преспанското село Љубојно подготвуваат да ги тужат сите инволвирани во сечата на коријата над селото или, како што…

August 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пет кандидати во трка за член на ДКСК по оставката на Ристовска

Петмина кандидати влегуваат во трката за едно слободно место во Државната комисија за спречување на корупцијата, откако досегашната членка Цвета…

March 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова свика конститутивна седница на Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова свика конститутивна седница на Советот за безбедност, што ќе се одржи денеска во 15 часот. Членови…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

„Облечи ја униформата со гордост“- Возобновеното полициско училиште ќе прими 200 ученици

„Облечи ја униформата со гордост!“ е мотото на  јавниот повик на Министерството за внатрешни работи за прием на 200 ученици во…

July 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?