Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Герасимовски чистеше со хигиеничарите на повеќе локации низ Центар: Се надевам дека градската власт ќе се свести
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Герасимовски чистеше со хигиеничарите на повеќе локации низ Центар: Се надевам дека градската власт ќе се свести
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски чистеше со хигиеничарите на повеќе локации низ Центар: Се надевам дека градската власт ќе се свести

Објавено September 23, 2025 09:18
Сподели
Сподели

Синоќа, до доцна по полноќ, градоначалникот Горан Герасимовски заедно со екипите на општинските хигиеничари го расчистуваа натрупаниот смет околу контејнерите во повеќе локации во Центар, откако ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје повторно потфрлија и го оставија цело Скопје, не само Центар затрупано во смет.

„Да не дозволиме сето она што не го прави комуналното претпријатие и неговата негрижа да остане проблем на граѓаните, ние сме тука за заедно да ги решаваме проблемите. А сега продолжуваме сите заедно да го чистиме Центар поради негрижата на градот“, изјави Герасимовски на терен.

Герасимовски посочи дека акцијата продолжува динамично, со цел што побрзо да се нормализира состојбата.

„Продолжуваме на следна локација, вечерва колку што ќе стигнеме да исчистиме, да ги наполниме контејнерите. Сабајле продолжуваме заедно со хигиеничарите да ги средуваме другите населби, една по една. Сите контејнери се полни, и на булеварите. Центарци нема каде да се паркираат, и паркинг местата ги узурпирале со смет. Се надевам дека градската власт ќе се свести и од утре ќе си ги преземе одговорностите и ќе ни го направи почист градот. Ако тие не го направат тоа, нашите служби повторно ќе ја завршат работата на градот“, додаде Герасимовски.

Општина Центар информира дека општинските хигиеничари и во текот на денешниот ден продолжуваат со расчистување на сметот во сите населби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бил Гејтс донира 912 милиони долари во борбата против три болести
Следна Статија Сиљановска-Давкова во Њујорк: Време е кормилото на ОН да му го довериме на жена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска комисија

Во следните 10 дена кандидатите кои имаат намера да ја предводат Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на…

August 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Финансиската полиција годинава поднела 44 кривични пријави

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, оцени дека изминатата година донела конкретни и мерливи резултати во борбата против…

December 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пациент кој се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија

Дваесет и двегодишен пациент кој беше повреден во пожарот во дискотеката во Кочани, а кој се лекуваше во Атина, вечерва…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?