Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германска министерка се криела во бункер за време на руските напади врз Киев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Германска министерка се криела во бункер за време на руските напади врз Киев
СВЕТ

Германска министерка се криела во бункер за време на руските напади врз Киев

Објавено October 25, 2025 17:57
Сподели
Сподели

Германската министерка за економија Катерина Рајхе, мораше да се засолни во бункер за време на руските воздушни напади врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, пренесува ДПА.

– Тоа беше вознемирувачко искуство, но за жал тажен дел од секојдневниот живот за Украинците. Оваа ноќ уште еднаш многу јасно ми покажа дека нападите на Русија имаат за цел да го исцрпат украинското население, изјави Рајхе денеска на прес-конференција во Киев.

Рајхе пристигна во Украина вчера со економска делегација во посета што ќе трае неколку дена.

– Нападите врз енергетскиот систем на Украина, вклучително и капацитетите за снабдување со електрична енергија и греење пред почетокот на зимата претставуваат сериозна закана, рече германската министерка за економија. Таа вети дека Германија ќе помогне во обновата на уништената енергетска инфраструктура и „нема да го напушти украинскиот народ“.

Најмалку две лица беа убиени, а 12 повредени во ноќешниот руски напад врз Киев.

Украинскиот ретседател Володимир Зеленски објави дека Русија употребила девет балистички ракети и десетици беспилотни летала.

Од почетокот на годината, Русија лансирала речиси 770 балистички ракети и повеќе од 50 крстосувачки ракети кон Украина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Победата во првиот круг во Демир Капија, да ја запечатиме на 2ри ноември
Следна Статија Димитриева: Време е за промени во Демир Капија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп повикува на апсење на градоначалникот на Чикаго и гувернерот на Илиноис

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска повика на апсење на градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, и гувернерот на Илиноис, Џ.Б.…

October 8, 2025
СВЕТ

Нобеловата награда за физика им припадна на тројца научници од САД за откритија во квантната механика

Годинашната Нобелова награда за физика им е доделена на Џон Кларк, Мишел Х. Деворе и Џон М. Мартинис “за откривање…

October 7, 2025
СВЕТ

Патниците во САД ќе мора да платат нова такса од 250 долари

Посетителите на Соединетите Американски Држави во иднина ќе мора да платат таканаречена „такса за интегритет на визата“, според одредба во…

July 18, 2025
СВЕТ

Израел ја започна копнената офанзива во Газа – жителите масовно ја напуштаат територијата

Израелската армија објави дека започнала „прелиминарни акции“ како дел од планираната копнена офанзива насочена кон освојување и окупирање на градот…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?