Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германските конзервативци и Социјалдемократската партија ќе формираат коалициска влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Германските конзервативци и Социјалдемократската партија ќе формираат коалициска влада
СВЕТ

Германските конзервативци и Социјалдемократската партија ќе формираат коалициска влада

Објавено March 8, 2025 17:15
Сподели
Сподели

Германските конзервативци (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) ги завршија прелиминарните разговори за формирање коалициска влада, соопштија денеска партиските лидери.


„Имаме заеднички документ кој е основа за коалициските преговори да започнат следната недела“, рече на прес-конференција лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и кандидат за канцелар Фридрих Мерц, пренесе Билд.

Најголем камен на сопнување во потенцијалната соработка беше прашањето на миграцијата.

Мерц најави пакет мерки во миграциската политика кои ќе вклучуваат поголема гранична контрола за да се намали бројот на мигранти кои влегуваат во земјата.

Тој рече дека разговорите се одвивале во „добра и колегијална атмосфера“.

Лидерот на СПД Ларс Клингбејл рече дека претстојат тешки преговори и дека ќе им препорача на партиските тела преговорите да продолжат.

Унијата (ЦДУ/ЦСУ) на Фридрих Мерц освои најмногу гласови на неодамнешните избори, а по неа е екстремно десничарската Алтернатива за Германија, а на трето место е СПД на канцеларот во заминување Олаф Шолц.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МОНСТРУМ: Полово ја вознемирувал и допирал малолетната ќерка на својата вонбрачна сопруга
Следна Статија Рубио и Маск се скарале во Белата куќа поради кратењата на персоналот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Аеродромите во Москва затворени за сообраќај поради напад со дронови

Ограничувања за летови се воведени од безбедносни причини на четири московски аеродроми, објави денеска рускиот регулатор за воздухопловство „Росавијација“, по…

February 22, 2026
СВЕТ

Никушор Дан, новиот претседател на Романија – математичар во борба против корупцијата

Новиот претседател на Романија, проевропскиот центрист Никушор Дан, математичар школуван на Сорбона, има искуство како активист против неконтролираниот развој на…

May 19, 2025
СВЕТ

Трамп ни го врати името, ја избриша придавката Северна

Американскиот претседател Доналд Трамп објави список за тоа колкав процент од мигрантските домаќинства од различни земји се на товар на…

January 9, 2026
СВЕТ

Шпанскиот крал во вторник се враќа во Валенсија, на местото каде беше нападнат со кал и навредуван

Шпанскиот крал Фелипе Шести во вторник повторно ќе ја посети областа Валенсија, која е тешко погодена од неодамнешните бури и…

November 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?