Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германско разузнавање: Короната потекнува од лабораторија во Вухан, информацијата за заташкале и Меркел и Шолц!?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Германско разузнавање: Короната потекнува од лабораторија во Вухан, информацијата за заташкале и Меркел и Шолц!?
СВЕТ

Германско разузнавање: Короната потекнува од лабораторија во Вухан, информацијата за заташкале и Меркел и Шолц!?

Објавено March 12, 2025 18:24
Сподели
Сподели

Коронавирусот, кој се прошири низ светот пред пет години и го блокираше животот во многу земји, потекнува од лабораторија во Вухан, Кина. Ова го пишува германската разузнавачка служба (БНД), а објавија германските и швајцарските медиуми

„БНД поседува јасни докази дека вирусот Сарс-КоВ-2 потекнува од Институтот за вирологија во Вухан“, објавија медиумите.

Според овие тврдења, германската разузнавачка служба во 2020 година имала докази дека коронавирусот се проширил низ градот, а подоцна и низ целиот свет поради „лабораториска несреќа“.

Овој заклучок е донесен по анализата на податоците кои стигнале до германските власти како дел од разузнавачката операција со кодно име „Саремаа“.

Резултатите од истражувањето на БНД ги знаела и тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, која според пишувањата на медиумите, меѓу кои и неделникот Ди Цајт, го спречила објавувањето на овие податоци. Нејзиниот наследник Олаф Шолц го направи истото.

Портпаролката на германската влада во средата одби да ги коментира медиумските извештаи, велејќи дека владата јавно не ја коментира работата на тајните служби.

Податоците со кои располага БНД, како што јави швајцарскиот Ноје Цуерихер Цајтунг (НЗЗ), кабинетот на германската канцеларка им ги дал на вештачење на група научници.

Иако официјалните резултати од вештачењето не се објавени, научниците наводно се уште се поделени околу теоријата за потеклото на вирусот.

Експертите велат дека недостасува „конечниот доказ“ дека вирусот потекнува од лабораторија. Добар дел од нив веруваат дека вирусот се пренесувал од животни на луѓе на фарми.

„Кинеските научници имаат механизми да обезбедат докази дека вирусот навистина потекнува од природно потекло, но досега немаат објавено ниту една студија што би го докажувала тоа“, рече еден од најпознатите германски виролози, Кристијан Дростен, коментирајќи ги најновите медиумски извештаи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пораз кој не мора да боли: Словенија ја стиша Фалангата во „Борис Трајковски“
Следна Статија Фолксваген е подготвен и за производство на воена опрема

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Во конфликтот меѓу Тајланд и Камбоџа на границата загинаа 11 лица

Најмалку 11 лица, претежно цивили, загинаа во денешниот судир меѓу армиите на Тајланд и Камбоџа на неколку места по должината…

July 24, 2025
СВЕТ

(Видео) Хамас предаде четири ковчези со тела: меѓу нив и телото на најмалиот заложник, неговиот брат и мајка му

Хамас му предаде на Црвениот крст четири ковчези со тела на заложници, јавуваат светските медиуми. Меѓу нив се и телата…

February 20, 2025
СВЕТ

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Володимир Зеленски како претседател, а во исто време ја отфрла…

February 25, 2025
СВЕТ

Трамп планира да го затвори Центарот Кенеди за околу две години, почнувајќи во јули

Според предлогот на претседателот Доналд Трамп, затварањето може да започне на 4 јули, со веднаш започнување на градежните работи.

February 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?