Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Ги испуштаме септичките јами во морето, а лежалките чинат 200 евра“: Црногорец објаснува зошто сезоната на Јадранот „пукна“ (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > „Ги испуштаме септичките јами во морето, а лежалките чинат 200 евра“: Црногорец објаснува зошто сезоната на Јадранот „пукна“ (ВИДЕО)
ЗАБАВА

„Ги испуштаме септичките јами во морето, а лежалките чинат 200 евра“: Црногорец објаснува зошто сезоната на Јадранот „пукна“ (ВИДЕО)

Објавено July 30, 2025 09:56
Сподели
Сподели

Додека едни гледаат полни плажи и барови во текот на викендот, други повеќе се грижат за другите денови од неделата кои се празни, па иако крајот на летната сезона е далеку, многу од угостителите во Црна Гора сѐ погласно говорат дека оваа сезона е многу слаба.

Оние кои лебот го јадат од туристичката сезона говорат за работите кои придонеле во популарните црногорски летувалишта да има многу малку луѓе, односно да бидат празни.

Цените во Црна Гора превисоки за туристите и за локалците

Зошто е тоа така, својот суд го донело едно младо момче кое се наоѓа зад популарниот Инстаграм профил „Црногорски водич“ кој на социјалните мрежи на шеговит и креативен начин го промовира црногорското крајбрежје на најдобар можен начин.

Ова момче визуелно и низ зборови го дало својот суд, па истото станало вирално.

View this post on Instagram

A post shared by Ilija Erkić (@crnogorski_vodic)

„Како во Црна Гора сезоната „пукна“? Два помфрити 16 евра, магнет 20 евра, две лежалки 200 евра, испуштаме септички јами во морето, таксиметар во Будва побрз од Болт, секоја плажа станала приватна, точено пиво 4 евра, работа на патот среде сезона“, навел како примери тој, а потоа следел и текстуален дел со критики.

„Размислував дали да го споделам ова видео или не, но после толку пораки и она што го гледам, морав. Не може на овој начин да се води туризмот. Аеродромите не ги ни споменав, нељубезност на многу локации, ѓубре на сите страни…

View this post on Instagram

A post shared by Podgorički Portal (@podgoricki.portal)

За да се напредува мора да се прифатат фактите. Цените се чиста небулоза. Септичките јами ги испуштаме на одредени плажи… Од туризмот ни зависи цела земја. Туризмот е она од што преживуваме. Како ги коментирате работите на патот на најпрометните делови од приморјето? Скандал. Оваа земја има што да понуди, но упорно го нуди своето најгрозно лице. Памет во глава“, напишал тој.

На удар сопствениците на кафулињата и рестораните

Летувањето во Црна Гора сезонава предизвикало поделени мислења кај туристите. Многумина истакнуваат дека цените од лежалки до оброци се навистина високи до небо.

„Луѓето се обидуваат да заработат за цела година во еден месец“, се наведува во една објава, додека пак други наведуваат дека „алчноста е присутна на секој чекор“ и дека „блокадите дополнително го отежнуваат пристапот до туристичките места“.

Гостите се жалат дека основен оброк за двајца плаќаат и до 30 евра, а дека квалитетот на храната не ја оправдува цената.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен поранешниот НБА кошаркар Морис
Следна Статија МФ: „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата, економскиот раст останува приоритет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Го стартувал Мерцедесот неколку дена по поплавата во Валенсија и го извлекол од гаража: „Овој модел би го преживеал и крајот на светот!“ (ВИДЕО)

Еден од најпрепознатливите автомобили на сите времиња, Mercedes W123, уште еднаш ја покажа својата издржливост, овој пат во екстремни услови.…

November 12, 2024
ЗАБАВА

Овие фотографии никогаш, никаде не треба да ги споделувате

Често објавуваме фотографии, без разлика дали се од пејсажи, луѓе или храна. Но, колку е сето тоа безбедно? Ви откриваме…

January 27, 2025
ЗАБАВА

Црногорец кој живее во Лондон дал отказ, почнал да прави ајвар и предизвикал општ хаос: Македонци му помогнаа да си го оствари својот сон (ВИДЕО)

Ја напуштил работата и одлучил да се впушти во претприемачките води. Од самиот почеток, неговата идеја била да направи ајвар.…

April 12, 2025
ЗАБАВА

Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите (ФОТО)

Најплатената телевизиска актерка на светот, „жешката“ Колумбијка Софија Вергара повторно го воодушеви посилниот пол. Вергара, ѕвездата од серијата „Модерно семејство“,…

June 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?