Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ги прикажале како зависници од порнографија- Амазонско племе тужи истакнат американски весник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Ги прикажале како зависници од порнографија- Амазонско племе тужи истакнат американски весник
ЗАБАВА

Ги прикажале како зависници од порнографија- Амазонско племе тужи истакнат американски весник

Објавено May 25, 2025 18:15
Сподели
Сподели

Амазонското племе Марубо поднесе тужба против американскиот весник „Њујорк тајмс“ поради извештај во кој се вели дека племето станало зависно од порнографија, откако добило пристап до побрз интернет.

Според претставниците на оваа амазонска заедница, извештај од угледен весник довел до тоа нивните членови јавно да бидат етикетирани како зависници од порнографија, објавува Би-Би-Си.

Во тужбата, која се поднесува за наводна клевета, се наведува дека статијата во американскиот весник го прикажува племето Марубо како неспособно да се справи со основната употреба на интернет и дека конкретно го истакнува „наводот дека младите од племето се преокупирани со порнографија“.

Медиумите TMZ и Yahoo се именувани како обвинети. Во тужбата се тврди дека нивните статии ги исмејувале младите членови на племето и ги искривувале неговите традиции.

Тие бараат отштета од 180 милиони долари
„Њујорк тајмс“ соопшти дека нивниот извештај не тврди дека членовите на племето се зависни од порнографија и дека ќе се бранат од обвиненијата.

Домородната заедница Марубо, која има околу 2.000 членови, бара најмалку 180 милиони долари отштета.

Во контроверзниот извештај на NYT, објавен девет месеци откако племето Марубо доби пристап до Starlink, се вели дека племето „веќе се соочува со истите проблеми што ги мачат американските домаќинства со години“. Според текстот, тие проблеми вклучуваат „тинејџери залепени за мобилни телефони“, насилни видео игри и малолетници кои гледаат порнографија.

Племенскиот водач, кој е критичен кон интернетот, е особено загрижен за порнографијата. Во овој поглед, во текстот се споменува дека забележал „поагресивно сексуално однесување“ кај младите мажи во заедницата. Статијата, исто така, ги истакнува позитивните аспекти на интернетот што племето ги препознава, вклучително и можноста за контактирање со властите во врска со здравствени проблеми или уништување на животната средина.

Понижување и нарушен углед
Во тужбата, исто така, се тврди дека други медиуми го објавиле и дополнително погрешно го претставиле извештајот на NYT, вклучувајќи го и насловот на TMZ кој директно сугерирал зависност од порнографија.

Реакцијата на статијата доведе до тоа NYT да објави продолжение околу седум дена по објавувањето на првиот текст под наслов: „Не, оддалечено амазонско племе не станало зависно од порнографија“. Во додатокот се вели дека повеќе од 100 веб-страници низ целиот свет објавиле наслови во кои лажно се тврди дека членовите на племето Марубо станале зависни од порнографија.

Тужителите, лидерот на заедницата Енок Марубо и бразилската активистка Флора Дутра, кои му помогнале на племето да дистрибуира 20 антени Starlink во вредност од 15.000 долари, рекоа дека статијата на NYT предизвикала „глобална медиумска бура“. Според нив, ова ги изложило на „понижување, вознемирување и непоправлива штета на нивниот углед и безбедност“.

Статијата на TMZ содржела видеа од Маруб и Дутра како ги дистрибуираат антените, за кои тврдат дека создале лажен впечаток дека тие внеле штетна, сексуално експлицитна содржина во заедницата и придонеле за наводно морално и социјално распаѓање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крипто инвеститор киднапирал и измачувал студент во Њујорк
Следна Статија Лишен од слобода жител на скопско Љуботен кој превезувал тутун без документација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Овие хороскопски знаци сакаат најмногу да се дружат

Некои луѓе едноставно зрачат со енергија што ги привлекува другите. Отворени, весели и комуникативни, секогаш се подготвени за нови познанства…

January 5, 2025
ЗАБАВА

Паника во Лос Анџелес: Дојава за бомба во куќата на Шварценегер

Полицајците од Лос Анџелес одговорија на лажна закана со бомба во домот на поранешниот гувернер Арнолд Шварценегер во Брентвуд на…

November 30, 2024
ЗАБАВА

Актер го обвини Паф Диди за силување!?

Некогаш мегапопуларниот и богат рапер, Паф Диди - Шон Комбс се соочува со серија сериозни обвинувања за сексуанлно злоставување, злоупотреба,…

November 22, 2024
ЗАБАВА

Кој е човекот кој личи на принцот Хари на кралскиот божиќен концерт? Сличноста е неверојатна

За време на божиќниот концерт што го подготви принцезата Кејт Мидлтон, присутните забележаа човек кој има неверојатна сличност со несаканиот…

December 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?