Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Главчев поднесе кривична пријава против Јанева, Рустеми и Стефанова:Тврди дека му барале поткуп од милион евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Главчев поднесе кривична пријава против Јанева, Рустеми и Стефанова:Тврди дека му барале поткуп од милион евра
МАКЕДОНИЈА

Главчев поднесе кривична пријава против Јанева, Рустеми и Стефанова:Тврди дека му барале поткуп од милион евра

Објавено April 1, 2026 21:17
Сподели
Сподели

По окончување на судскиот случај „Поштенска банка“ во полза на обвинетите во 2024 година, еден од нив, гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев, во јануари годинава, поднел кривична пријава против поранешните обвинители на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева, Бурим Рустеми и Лиле Стефанова. Главчев ги пријавува дека од него барале Поткуп, објави ПлусИнфо.

Во пријавата, во која детално се опишани сите дејствија со кои тројцата обвинители вршеле притисоци врз обвинетите во случајот „Поштенска банка“, Главчев пријавува дека првопријавената Катица Јанева, индиректно, преку сведокот Бојан Јовановски од Скопје, побарала од него подарок од 1 милион евра, за себе и за обвинителите кои постапувале во предметот (Бурим Рустеми и Лиле Стефанова), за да извршат службени дејствија што би морале да ги извршат, да дадат позитивно мислење за прифаќање на поднесениот предлог за гаранција, а потоа да се донесе наредба за запирање на кривичната постапката.

На кривичната пријава на Томе Главчев, обвинителката Лиле Стефанова возвратила со кривична пријава против него за Лажно пријавување по член 366 од Кривичниот законик.

Главчев за Плусинфо вели:

-Во врска со кривичната пријава за наводно лажно пријавување, сметам дека е неопходно јавно да ги изложам фактите и околностите, бидејќи станува збор за случај кој отвора сериозни прашања за функционирањето на правниот систем и за еднаквоста пред законот. Имено, во периодот кога против мене се водеше постапка во предметот „Поштенска банка“, јас лично бев изложен на барање за исплата на 1 милион евра, со јасно укажување дека со тоа би се запрела постапката против мене. Ова не е паушално тврдење. Поседувам материјален доказ, односно аудио-снимка, која е доставена до надлежните институции и која треба да биде предмет на сериозна и независна проверка. Откако категорично го одбив ова барање, постапката против мене не само што продолжи, туку траеше повеќе години. Во истиот период, по предметот постапуваа обвинители кои беа директно вклучени во случајот. Дали е случајност што по одбивањето на бараниот износ, притисокот продолжи? Тоа е прашање на кое јас не давам конечен одговор, туку го поставувам како основано сомнение кое институциите се должни да го испитаат.

Клучна средба во просториите на телевизијата 1ТВ

Според пријавата на Главчев, клучниот настан се случил во јануари 2019 година, кога тој веќе имал поднесено барањето за определување гаранција наместо определените мерки за претпазливост. Според пријавата, во непосредна средба, која била остварена по барање и налог на Катица Јанева, што се случила во Скопје, во просториите на тогашната Телевизија 1ТВ, сведокот Боки 13 го известил Главчев дека разговорот што ќе се води бил по налог на првопријавената Катица Јанева, со намера да му го пренесе начинот на кој ќе се запре поведената истражна постапка. Тоа требало да се случи во две фази – за една недела да му биде вратена патната исправа, а за две недели да се запре истрагата. Ова, се разбира, доколку Главчев ги почитувал поставените услови.

Потоа на телефон сведокот Боки 13 ја побарал Катица Јанева, која му рекла на Томе Главчев да му пренесе на својот бранител да го дополни барањето за гаранција, по што веднаш ќе му биде вратена патната исправа, а Боки 13 ќе му пренесе кој е условот да се запре во целост постапката. Сведокот Боки 13 го продолжил разговорот и го пренел барањето од Катица Јанева – дека за ова е потребно да се плати 1 милион евра, од кои 30% веднаш, а остатокот штом ќе се добие решение за запирање на истрагата. Томе Главчев одговорил дека не е проблем да ги даде парите, но може да ги плати по завршената работа. Боки 13 рекол дека тоа не е прифатливо, дека понудата не зависела од него и дека сè што требало му биде пренесено на Главчев – пренесено е.

Инаку, според пријавата, Боки 13 претходно во два наврати се сретнал со Главчев во Гевгелија и од него барал реклами за 1ТВ, првиот пат 50.000 евра, а вториот пат 100.000 евра.

Целата вест прочитајте ја на ПлусИнфо

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ново зголемување од 7,5 проценти на платите во образованието, најави Мицкоски
Следна Статија Франција до Трамп: НАТО служи за евроатлантска безбедност, а не за офанзивни мисии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР набавува 120 нови возила за речиси 4 милиони евра

Министерството за внатрешни работи набавува нови 120 возила за речиси 4 милиони евра, односно 239.068.000 денари. На веб-страницата за јавни…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе ги вратиме и „Web of science“ и „Scopus“ како референтни бази на научни списанија, инспекции ќе има на сите универзитети

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат…

November 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Дескоска: „Шангајска“ или „Шиндлерова листа“ – Предлог-законот за високо образование содржи небулозни одредби

Универзитетската прoфесорка и поранешна министерка за образование и за правда, Рената Дескоска денеска се осврна на актуелната дебата околу актуелниот…

February 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонското радио одбележува 81 година од постоењето

Македонското радио денеска одбележува 81 година постоење. На овој ден – 28 декември во 1944 година, Македонското радио ја почнува…

December 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?