Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Главчев потврди дека е рекетираниот бизнисмен: Сакам да верувам во правда и дека конечно бандата на СЈО ќе се распадне
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Главчев потврди дека е рекетираниот бизнисмен: Сакам да верувам во правда и дека конечно бандата на СЈО ќе се распадне
ХРОНИКА

Главчев потврди дека е рекетираниот бизнисмен: Сакам да верувам во правда и дека конечно бандата на СЈО ќе се распадне

Објавено September 12, 2025 13:40
Сподели
Сподели

Бизнисменот и претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Томислав Главчер потврди дека е подносител на кривичната пријавата против поранешните обвинители на распаднатото Специјално обвинителство, Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми. Во изјава за МКД.мк тој вели дека сака да верува во правда и дека со сериозни чекори се работи во предистрагата која е почната во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција по поднесената кривична пријава во Министерството за внатрешни работи, а која се однесува на барање рекет за случајот „Поштенска банка“.

По седум години бизнисменот до детали се сети се денот, часот, датумот и годината на неговото приведување, но и на тоа дека обвинителката Стефанова е таа која постапувала по неговиот предмет во периодот кога се одлучувало за притворот.

Пред повеќе од 2 месеци поднесов кривична пријава за рекетирање и за измислување на докази против мене за случајот ‘Поштенска банка’. На 13 октомври 2018 година во сабота во 5 часот наутро бев приведен, за потоа, истиот ден во 20 часот да бидам спроведен во суд каде дојде обвинителката Лиле Стефанова со куп документи. Гледам има некоја изјава дека не постапувала воопшто по предмет во кој сум бил јас, но тоа е лага, бидејќи кога се одлучуваше за притворот против мене таа беше таму и таа постапуваше. Барањето за притвор беше отфрлено, а по ова обвинителката поднесе жалба која исто така беше отфрлена. Самите судии кои требаше да постапуваат во ‘Поштенска банка’ бараа изземање, а кога тоа им беше отфрлено кажаа дека ќе го водат предметот бидејќи мораат – вели во изјавата бизнисменот Главчев.

Тој не откри детали за тоа како и колку пари му биле побарани, бидејќи како што изјави постапката е во предистрага која е тајна и ќе почека да го види исходот.

Сакам да верувам дека е ова една сериозна предистрага и дека правда ќе има бидејќи страшно е со какви нешта се служеше бандата од СЈО. Случајот со ‘Поштенска банка’ заврши со запирање на постапката. Јас се надевам дека ова е едно поинакво време за разлика од тоа во кое постоеше СЈО и бандата, а се надевам и дека таа банда конечно ќе се распадне и нема повеќе да прави штети – вели Главчев.

Во случајот „Поштенска банка“ тој беше обвинет заедно со други лица за перење на 5 милиони евра.

Во МВР Главчев поднел кривична пријава против Рустеми, Јанева и Стефанова.

Целиот текст на МКД.мк

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Мора да се справиме со радикалните левичарски лудаци
Следна Статија ЈП „Дрисла“ со апел до МВР да ги пронајдат потпалувачите: се сомневаме дека се политички мотивирани за дефокусирање од реалните проблеми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тројца повредени во верижниот судар синоќа на Скопската обиколница кај Смилковското езеро

Три лица се повредени во верижен судар што се случи синоќа на скопската обиколница кај Смилковското езеро во кој учествувале…

January 23, 2025
ХРОНИКА

Тошковски: Новогодишната ноќ генерално помина мирно, 29 кривични дела, приведени 33 лица

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја оцени безбедносната состојба во државата за време на новогодишната ноќ како мирна и…

January 1, 2025
ХРОНИКА

Детали за новата акција на МВР, со закани изнудиле 300.000 евра од едно лице

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.08.2025) до Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и…

August 5, 2025
ХРОНИКА

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник

Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола…

December 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?