Ова лето, градот Охрид ќе биде домаќин на музички настан од светски ранг. На 3 август, на стадионот „Билјанини Извори“, како дел од серијалот Intermezzo Music Rituals, настап ќе одржи францускиот диџеј и продуцент HUGEL, еден од најголемите имиња на светската електронска сцена.
Познат по хитовите “I adore you”, “Morenita”, “Marianela”, “Tra Tra”, како и “Es un secreto”, HUGEL има над 1 милијарда стримови на дигиталните платформи и настапува на најголемите фестивали низ целиот свет. Со својот препознатлив звук што ги спојува tech house, latin и tribal елементите, неговите сетови се вистинска експлозија од енергија и ритам.
Организаторите најавуваат сценска продукција на највисоко ниво и атмосфера која ќе го одбележи летото 2025 во Македонија.
Влезниците се веќе во продажба и може да се купат онлајн преку:
www.kupikarta.mk
Глобалниот феномен и светската диџеј сензација HUGEL во Охрид
