Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Глумел полицаец со значката на татко му, пцуел возач, па го повредил со нож
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Глумел полицаец со значката на татко му, пцуел возач, па го повредил со нож
ХРОНИКА

Глумел полицаец со значката на татко му, пцуел возач, па го повредил со нож

Објавено March 23, 2025 18:17
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник осомничен за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 21 март попладне, на обиколница Скопје во близина на клучката кај Стајковци, извршил грубо насилство врз едно лице и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

-Поради недоразбирање во сообраќајот, осомничениот управувајќи автомобил “Фолксваген голф” дошол во иста линија со возило “Сеат леон” кое го управувал оштетениот. Со автомобилот започнал да навлегува во лентата по која се движел оштетениот, па како да е овластен полициски службеник преку својот прозорец на оштетениот му ја покажал полициската значка, која била во возилото и со која бил задолжен неговиот татко – полициски службеник во СВР Скопје. Оштетениот, мислејќи дека се работи за стоп наредба од овластен полициски службеник, го запрел своето возило и се упатил кон возилото на осомничениот, информира Обвинителството.

Тој излегол надвор, почнал да го пцуе оштетениот, па од фармерките извадил нож на расклопување и го отворил сечивото. Со ножот почнал да замавнува кон оштетениот, нанесувајќи му телесни повреди, по што побегнал.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, имајќи ја предвид пред се опасноста тој да се даде во бегство доколку биде пуштен да се брани од слобода за да ја избегне кривичната одговорност за делото што му се става на товар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
Следна Статија Уaпсениот градоначалник на Истанбул Имамоглу се огласи од затвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен битолчанец за изнуда

Вчера во 17:25 часот во трговски комплекс на ул.„Климент Охридски“ во Битола, во заедничка и координирана акција на Основното јавно…

September 15, 2025
ХРОНИКА

ФОТО: Тинејџер од Бугарија уапсен на граница, носел пиштол, муниција и ножеви

На Граничниот премин Ново Село, кон Р.Бугарија, вчера попладне полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за…

September 7, 2025
ХРОНИКА

Почина македонската легенда Драган Б. Костиќ

Утринава, сабота (20.Декември) по кратко боледување на 75 годишна возраст почина македонската радиоводителска легенда Драган Б. Костиќ. Веста за неговата…

December 20, 2025
ХРОНИКА

Велешани краделе во Струмица

На 26.04.2025 во 11.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Д.(24) и С.У.(23), двајцата…

April 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?