Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Годишен раст на зелените кредити од 8,5% заклучно со 2024 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Годишен раст на зелените кредити од 8,5% заклучно со 2024 година
ЕКОНОМИЈА

Годишен раст на зелените кредити од 8,5% заклучно со 2024 година

Објавено April 4, 2025 16:24
Сподели
Сподели

Податоците за зелените кредити доставени од банките покажуваат раст во четвртиот квартал од 2024 година. На крајот на декември 2024 година, растот на зелените кредити во однос на истиот период лани изнесува 2,3 милијарди денари, или 8,5%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, зелените кредити се зголемени за 4 пати. Зелените кредити се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што се инвестициите во нова еколошка технологија.

Според податоците на Народната банка, на крајот од четвртото тримесечје од 2024 година, состојбата на зелените кредити во билансите на банките изнесува 29.177 милиони денари. За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7.176 милиони денари. Зелените кредити одобрени на компаниите, коишто на крајот на 2024 година изнесуваат 28.032 милиона денари, преовладуваат во вкупното зелено кредитно портфолио на банките.

Уделот на зелените во вкупните кредити на крајот на 2024 година изнесува 6%, што е речиси тројно зголемување во однос на крајот на 2019 година, кога изнесувале 2,2%.

Народната банка, препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ја постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија. Преку низа активности, нашата централна банка придонесува за поттикнување на зеленото финансирање, вклучувајќи ги и монетарните мерки.

За таа цел, Народната банка на својата веб-страница од 2022 година почна да објавува и квартални податоци за кредитите за зелено финансирање одобрени на домаќинствата и нефинансиските друштва, коишто можете да ги најдете на следнава врска: https://www.nbrm.mk/podatotsi_i_pokazatieli_za_bankarskiot_sistiem_na_riepublika_makiedonija.nspx

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кешишев одговори на низа прашања: Кажав сè бидејќи имам грижа на совест поради тоа што го видов
Следна Статија Азески се сретна со претставници на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали е време да се купи акционерство на Microsoft додека неговата зад-листа расте?

Комерцијалната зад-листа на Microsoft повеќе од двојно пораснала во споредба со минатата година, што укажува на огромна побарувачка за вештачка…

January 31, 2026
ЕКОНОМИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова ќе размислува уште два-три дена за гувернер

Претседателката Сиљановска Давкова денеска нема да го прати предлогот за нов гувернер до собранието. Таа ќе размислува уште два-три дена,…

May 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бук-и најавува изградба на најголемата продавница за брза храна во светот

Бук-и планира да отвори она што го опишуваат како најголемата продавница за брза храна во светот

January 19, 2026
ЕКОНОМИЈА

Нередовното читање на струјомерите оди на штета на граѓаните, а ЕВН профитира

Здружението на инженери на Македонија, поднесе претставка до Регулаторната комисија за енергетика, со барање за измена на правилата за снабдување…

March 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?