Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Голема рација во фабрика на Хјундаи во САД – приведени 475 луѓе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Голема рација во фабрика на Хјундаи во САД – приведени 475 луѓе
СВЕТ

Голема рација во фабрика на Хјундаи во САД – приведени 475 луѓе

Објавено September 5, 2025 18:26
Сподели
Сподели

Во голема рација на имиграциската полиција во фабрика на Хјундаи во американската држава Џорџија приведени се 475 имигранти за кои се сомневаат дека живеат и работат нелегално во САД, изјави за Си-Би-Ес Њуз висок функционер од Министерството за внатрешна безбедност.

Цел на рацијата беше еден од најголемите и најзначајните производствени погони во Џорџија, кој гувернерот и други функционери го нарекоа најголемиот проект за економски развој во историјата на државата.
Hyundai Motor Group, јужнокорејска компанија, започна со производство на електрични возила пред една година во фабрика вредна 7,6 милијарди долари, која вработува околу 1.200 луѓе. Привремено е запрена изградбата на фабрика што се гради за производство на батерии за електрични возила.
Министерството за внатрешна безбедност во соопштението нагласи дека агентите го извршиле налогот за претрес „како дел од тековната кривична истрага за наводи за нелегални практики за вработување и други сериозни федерални прекршувања“.

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја во соопштението соопшти дека испраќа службеници на местото на настанот и ја повика амбасадата на САД во Сеул „да биде исклучително претпазлива за да се осигури дека нема да бидат прекршени легитимните права и интереси на корејските граѓани

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ученик во Германија нападнал наставничка со нож во стомакот, полицијата го застрела при апсењето
Следна Статија Ѓоковиќ немоќен, Алкараз ќе се бори за трофејот на Ју-ес опен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Во акцијата за фаќање на Мадуро убиени повеќето од неговите телохранители

Голем дел од личното обезбедување на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро беше убиен вчера во американската операција за негово апсење,…

January 4, 2026
СВЕТ

Трамп организираше вечера со технолошки лидери, Маск не присуствуваше

Претседателот Доналд Трамп на САД синоќа приреди вечера во Белата куќа со водечки личности од технолошката индустрија и други бизнис…

September 5, 2025
СВЕТ

Граѓаните гласаа против оданочување на многу богатите во Швајцарија

Швајцарците со големо мнозинство го отфрлија предлогот за воведување данок од 50% на наследство од над 50 милиони швајцарски франци…

November 30, 2025
СВЕТ

„Њујорк тајмс“: Најмалку 40 убиени во американскиот напад врз Венецуела

Најмалку 40 лица, вклучувајќи воен персонал и цивили, се убиени во американските воздушен напад врз Венецуела рано во саботата наутро,…

January 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?