Македонскиот и францускиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер и ПСЖ вечерва во Битола приредија спектакл со подеднаков влог кој резултираше со поделба на бодовите.
Во натпревар без калкулации, дуелот заврши нерешено 34:34, иако со повеќе спортска среќа битолчани можеа да слават во последниот настап од лигата на шампионите во оваа сезона.
Гостите од Париз беа поснаодливи во првото полувреме кое го завршија со предност од 18:15, но во вториот дел пелистерци водени од „топџијата“ Филип Кузмановски кој постигна 10 голови освен што беа подобри на теренот, туку успеаја и да ремизираат.
Објективната битолска публика со долготраен аплауз ги поздрави ракометните ѕвезди но и со свирежи кон австриските судии Болоќ и Хуркач кои беа под нивото за натпревар од европската Лига на шампоните