Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Големо отворање на „Македонско село“ на 19 јуни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Големо отворање на „Македонско село“ на 19 јуни
МАКЕДОНИЈА

Големо отворање на „Македонско село“ на 19 јуни

Објавено June 12, 2025 19:51
Сподели
Сподели

„Македонско село“ на 19 овој месец и официјално ќе биде предадено на фирмата „Ла Тераца“, која Службата за општи и заеднички работи при Владата ја избра за концесионер на комплексот.

Директорот на оваа служба, Ивица Томовски за весникот ВЕЧЕР изјави дека примопредавањето ќе се случи во 11 часот, во присуство на претставници од Владата, кое би траело час, најмногу до час и половина, а ќе има и официјална покана.

-На 23 или 24 овој месец, концесионерот „Ла Тераца“ ќе направи големо отворање. Инаку, работите околу подготовките на комплексот се во завршна фаза. Куќарките комплетно се подготвени, сега се уредува надворешниот дел – објасни Томовски.

Тој нагласи дека на почеток, комплексот нема да може да работи со полн капацитет, но оти до крајот на месецот целосно ќе биде на располагање на посетителите.

На овој начин по седум години запуштеност, „Македонско село“ повторно ќе заживее. Комплексот повторно ќе стане центар на културата, автентичната архитектура и македонска традиција и наскоро ќе се врати на туристичката и културната мапа на Македонија.

Инаку, фирмата „Ла Тераца“ се занимава со туризам и угостителство и со комплексот „Македонско село“ ќе стопанисува наредните 15 години, a месечно ќе плаќа 210.000 денари. Фирмата – концесионер беше избрана на законски и транспарентен начин, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува и оперира Министерството за финансии.

Концесионерот имаше обврска да ги преземе сите потребни активности за оспособување на Комплексот за почеток со работа од 1.6.2025 година.

Од Службата за општи и заеднички работи при Владата нагласија дека со реотворањето на комплексот, ќе бидат создадени услови за поттикнување на развојот на туризмот, со што ќе се создадат услови и за зајакнување на локалната економија, отворање на нови работни места, а ќе биде унапреден и туристичкиот капацитет во Скопје што ќе влијае на зголемен број туристи не само во Скопје, воопшто и во земјава.

Комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези, има 12 автентични куќи, со простории каде што се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторански дел.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра
Следна Статија Нови апсења во Кочани: Приведени се 13 началници и полицајци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Дваесет години маратон не се слави, ние не ја напишавме тажната приказна

Дваесет години маратон не се слави, тажната приказна не ја напишавме ние, туку некој друг е авторот на тажната приказна,…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на традиционален божиќен ручек во чест на именденот на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на традиционален божиќен ручек организиран во чест на именденот на поглаварот на Македонската православна црква,…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Родители чии деца се наоѓаат во Штипската болница се пуштаат да ги видат повредените

Родители чии деца се хоспитализирани во Штипската болница по пожарот во дискотеката во Кочани се пуштаат во болницата за да…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

Случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на денешниот петти Самит на Европската политичка заедница во…

November 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?