Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Голем интерес за граѓанските обврзници – запишани се 33 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Голем интерес за граѓанските обврзници – запишани се 33 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

Голем интерес за граѓанските обврзници – запишани се 33 милиони евра

Објавено December 12, 2025 16:06
Сподели
Сподели

Над 2 милијарди денари или 33 милиони евра се запишаа во граѓански обврзници од третата емисија, за која проспектот беше објавен на 26 ноември, а денеска се спроведе аукцијата. Интересот беше значително поголем од објавениот износ со проспектот во висина од 100 милиони денари, информира Министерството за финансии.

На аукцијата се запишани граѓански обврзници од страна на 1543 граѓани. Една граѓанска обврзница изнесуваше 10.000 денари, рочноста е 2 години, а каматната стапка 4,5 проценти годишно. Запишаните граѓански обврзници ќе бидат запишани на име на граѓаните во Централниот депозитар на хартии од вредност.

Министерството за финансии посочува дека датумот на достасување на граѓанските обврзници од третата емисија е 19 декември 2027 година. Исплатата на каматата за првата година достасува на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.

Претходно, Министерството за финансии издаде две емисии на граѓански обврзници во вкупен износ од 41,1 милион евра кои веќе се исплатени заедно со каматата за двете години. Во првата емисија беа запишани обврзници во износ од 23,5 милиони евра, додека во втората 17,6 милиони евра

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани кои одлучија да заминат, полека се враќаат
Следна Статија Наградите за игри прогласија ‘Clair Obscur: Expedition 33’ за игра на годината – Комплетна листа на добитници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Светска банка:Македонија треба да инвестира 6,4 милијарди долари за поголема отпорност кон климатските промени

Македонија би можела да се соочи со економски штети до 4 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2050 година,…

October 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Просечната нето-плата во август 41 097 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41 097 денари, што е за 12,9 отсто повеќе…

October 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи Славески за нов гувернер

Предлогот ќе ја добие поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање околу…

May 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Руско-индискиот енергетски сојуз ги диктира глобалните цени на нафтата

Цените на нафтата паднаа во петокот, но и натаму се на пат за неделен раст, одразувајќи го напнатото балансирање помеѓу…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?