Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Голем собир на Binance во Скопје: Бројот на корисници во Македонија за една година пораснал за 40 отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Голем собир на Binance во Скопје: Бројот на корисници во Македонија за една година пораснал за 40 отсто

Голем собир на Binance во Скопје: Бројот на корисници во Македонија за една година пораснал за 40 отсто

Објавено April 4, 2025 18:13
Сподели
Сподели

Во Македонија бројот на корисници на водечката светска платформа за размена на криптовалути Binance е за 40 отсто повисок во споредба со 2023 година, а околу 11 проценти од македонската популација се корисници на крипто валути.


Ова беше соопштено вчера во Скопје, во преполната сала на собирот за вмрежување што го организираше Binance, каде што присуствуваа повеќе од 400 луѓе заинтересирани да се сретнат со претставниците на Binance, да научат нешто повеќе за криптовалутите, да ги истражат најновите трендови во индустријата и да разговараат за иднината на дигиталните средства.

„Успехот на Binance не беше ништо помалку од магија. Нашиот екосистем расте и горди сме што сме ја имаме довербата од корисници низ целата планета. Воедно, сметам дека е извонредно тоа што македонските граѓани одлично го разбираат криптото, особено ако се спореди со одредени држави од регионот“, изјави Сандро Слукан, маркетинг лидер во Binance.


Полина Бротиер, маркетинг менаџер во Binance, пред присутните го претстави eкосистемот на платформата за тргување, a акцент беше ставен и на тоа дека нивни топ приоритети се безбедноста и транспарентноста.

„Постојано организираме тренинзи, а фокусирани сме и на донаторски проекти, како на пример за поплавите во Босна и Херцеговина, за Украина беа изработени специјални крипто картички од Binance, помагавме и кога се случуваа поплавите во Италија. Освен што помагаме на многу луѓе во многу држави, се фокусираме и на едукативниот дел, преку формирање на Академијата Binance, која овозможува бесплатна и локална едукација за блокчејн технологијата. Таму се објавени 800 написи на 31 јазик, а корисниците имаат пристап и до бесплатни видео курсеви “, изјави Бротиер.

На големиот собир беше претставена и Angels програмата, каде што можеа да се слушнат и сведоштва од корисници во однос на вмрежувањето, организирањето тренинзи, настани и вебинари кои овозможуваат корисниците да го продлабочат своето знаење за берзата за размена на криптовалути.


Стотиците учесници на собирот воедно имаа можност да учествуваат во наградна игра и да го тестираат своето знаење за Binance, како и можност да разговaраат со претставниците на најголемата платформа за тргување со криптовалути.
Вчерашниот собир беше уникатна можност на едно место да се соберат крипто-ентузијастите, експертите од оваа индустрија и инвеститорите заинтересирани за дигиталните средства и за блокчејн технологијата.
Според годишниот извештај на Binance за 2024 година, платформата има над 260 милиони регистрирани корисници до крајот на годината, што ја истакнува значајната експанзија и популарност на оваа платформа во крипто индустријата.​

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се огласи сопственикот на „Соравиа“: Нема да дозволиме извршител да ја продава зградата
Следна Статија Јасно е дека светот влезе во многу турбулентна фаза, речиси никаде не сме безбедни, рече Сиљановска-Давкова по Акаба процесот во Софија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Судот во Стразбур со позитивна одлука за случајот „Рекет“- Боки 13 најави кривични против Русковска и Заев

Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе позитивна одлука по изразената апликација од страна на адвокатот Сашко Дукоски за…

March 7, 2025
СВЕТ

Предупредувањето за цунами е повлечено по последниот земјотрес во североисточна Јапонија

Два бранови од 20 cm беа забележани на локации покрај северниот брег на Јапонија пред да биде повлечен советот

December 13, 2025
СВЕТ

Голема корупциска афера ја тресе Украина – суспендиран министерот за правда

Украинската влада го суспендираше министерот за правда Герман Галушченко, објави украинската влада во среда. Галушченко е под истрага за корупција…

November 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Гутереш изрази целосна поддршка и солидарност со нас, на средбата со Калас укажав на двојните стандарди на ЕУ

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, изрази целосна солидарност со нас и целосна поддршка и обете ги врза за…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?