Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Горивата со нова цена: Дизелот се намалува за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Горивата со нова цена: Дизелот се намалува за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари
ЕКОНОМИЈА

Горивата со нова цена: Дизелот се намалува за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари

Објавено April 14, 2026 13:42
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73% во однос на одлуката од 6.4.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,703%, кај дизелот за 3,251%, кај екстра лесното масло за 3,960% и кај мазутот намалувањето е за 4,476%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,7165%.

Од 15.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,227 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,084 ден/кг и сега изнесува 49,227 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 15.4.2025 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пад на цената на нафтата под 100 долари за барел
Следна Статија „БЛЕСОК 2026“ – Воена вежба со 1500 припадници на Армијата, мониторинг и оценка од НАТО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Минималната плата ќе се зголеми, најверојатно за 1800 денари

Минималната плата треба да се зголеми овој месец, но за колку, се уште не е познато. Согласно законот, зголемувањето би…

March 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Арнаудова-Стојановска: Расте штедењето во денари и на долг рок

„Заштедите на домаќинствата во домашниот банкарски систем се покажаа како стабилна и отпорна база дури и во услови на зголемена…

February 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Собранието изгласа Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници

Собранието денеска одобри прераспределба на средства меѓу буџетските корисници со кои се обезбедуваат два милиони денари за изработка на идејно…

June 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0.2 % во однос на претходниот месец, а во…

February 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?