Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гостиварските угостители користат прибор за еднократна употреба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Гостиварските угостители користат прибор за еднократна употреба
МАКЕДОНИЈА

Гостиварските угостители користат прибор за еднократна употреба

Објавено July 23, 2026 14:13
Сподели
Сподели

Кафулињата, пицериите, пекарниците, слаткарниците и други оператори со храна во Гостиварско ја почитуваат забраната за употреба на водата, покажаа вонредните надзори на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) спроведени во вторникот.

Како што информира АХВ, инспекторите извршиле 70 вонредни надзори со кои биле опфатени кафе барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук, промет и други оператори со храна. Акцент при контролите бил ставен на утврдување дали операторите од овој регион ја почитуваат донесената забрана на АХВ за употреба на водата од гостиварскиот водоснабдителен систем.

Кај операторите не се утврдени отстапки во овој дел – за послужување и за миење на садовите, работните површини и опремата, забраната се почитувала и се користела пакувана вода и безбедна вода во спроведувањето на работните процеси. За послужување на гостите во угостителските објекти, утврдено е дека се употребуваат пластични и хартиени чаши и прибор, наведува АХВ.

Дополнува и дека при контролите се утврдени недоследности – неспроведени мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација (5 оператори), како и неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените кај 18 оператори.

Затекнати се и 11 правни лица кои не се регистрирани како оператори со храна во АХВ, за што покрај парична казна, им е изречена и времена забрана за вршење на дејноста до регистрирање. Кај двајца оператори е утврдено дека пуштале во промет небезбедна храна во количина од 18 килограми (виршли, кисело млеко, јогурт, слајс салами, путер) кои се нештетно уништени.

Според АХВ, за констатираните недоследности, покрај наложеното спроведување задолжителни здравствени прегледи за вработените кај операторите со храна, забрани за вршење дејност (12), опомена и наредби за отстранување на недоследностите со контролите, изречени се и 30 парични казни во вкупна висина од 7.750 евра во денарска противвредност.

За брзо надминување на состојбата со водата за пиење во овој регион и намалување на бројот заболени лица, апелираме до операторите и граѓаните да се почитува забраната за употреба на водата од градскиот водоводен систем, а секоја недоследност и непочитување на донесената забрана може да ја пријават лично во АХВ или во нејзините подрачни единици, електронски на info@fva.gov.mk, како и на бесплатната телефонска линија за потрошувачи 0800 3 22 22, наведува Агенција за храна и ветеринарство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лукаку си оди од Наполи
Следна Статија Нови столчиња за Градскиот стадион во Делчево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Меџити за Рамазан Бајрам: Солидарност, пожртвуваност и заедничка работа за општото добро

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до…

March 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски тврди дека немало напад врз ексновинарот Владимир Перев

Апсолутно отфрлам дека каков било напад е направен врз ова лице – изјави премиерот Христијан Мицкоски говорејќи за нападот врз…

November 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

По инспекцијата, Прилепскиот театар доби забрана за настани и претстави

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ доби забрана за одржување настани, манифестации и приредби се додека не се отстранат недостатоците и…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Притвор за Крешник Бектеши

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши ќе заврши во притвор за следните 48 часа, исто како и поранешниот директор на…

March 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?